HTC Windows Phone 8S е вториот Windows Phone 8 уред изработен од HTC и беше објавен некаде при крајот на ноември, минатата година. Дизајнот на 8Ѕ е сличен како со својот претходник, прв WP8 од HTC – 8X, no за разлика од тој телефон е наманет да биде подостапен до просечниот корисник, и според потребите и според цената.

Хардвер и дизајн

HTC Windows Phone 8Ѕ има големина на екранот од 4 инчи (720p) и 4GB простор, од кои околу 2GB ви стојат на располагање за вашите податоци, но има поддршка и за microSD картичка. Тежи 113 грама со батерија, што го прави екстра лесен, дебелина од 10,28mm, а дизајнот на овој уред е убедливо најдобар од моментално малиот број на Windows Phone 8 уреди.

На долниот дел од екранот може да се забележи стандардното копче со прозорецот, лево е копчето за враќање на претходниот екран, а лупата ќе ве однесе на страницата на Bing. Во десниот агол од врвот се наоѓа копчето за вклучување, горе во десната страна стандард се копчињата за зголемување/намалување на звукот, а долу од истата страна се наоѓа копчето за камера. Исто така, од фотографиите можете да забележите и дека од HTC се имаат одлучено за посебна боја за тој дел, а ги има во неколку различни бои.

HTC 8S доаѓа со 5 мегапикселна камера со LED блиц и микрофон на дното. Го поддржува micro USB стандардот и портата за приклучување се наоѓа на долната страна од уредот. Инаку, местото на кое треба да се постават microSD и microSIM картичката се крие под долниот обоен дел и треба да бидете внимателни при отварањето на истиот. Инструкциите како треба да постапите ги има во прирачникот што доаѓа со самиот телефон.

Екран

На почетокот веќе напоменавме, но малку подетално – HTC 8S има 4 инчен супер LCD екран со резолуција 480 х 800. Бидејќи Windows Phone 8 поддржува 720p резолуции, HTC користи WVGA, но сепак видливоста под светло и од различни агли е добра. А бидеќи одлуката на HTC паднала во WVGA резолуциите, така нема да имате проблем и со работата на апликациите за Windows Phone 7. Еден таков пример е Foursquare апликацијата, која сè уште нема обновена или посебна верзија за WP8.

Инаку, екранот е заштитен од Gorilla Glass, со што шансите за гребаници и уништување на екранот се навистина намалени. За жал, за таков вид на тестирање не се одлучив. :)

Видео и аудио

HTC 8S нуди 5 мегапикселна камера (само задна) и не е нешто најдобро што може да се понуди денес, има видливи недостатоци кога се слика во малку потемни или светли простории, а присутен е и т.н. дигитална „бучава“. Стандардно, камерата е поставена на 5 мегапиксели, но секако вие можете да ја промените до пет (2592х1944 пиксели). Покрај тоа, постои и опција за контролирање на балансот на бела боја, контрастот, експозицијата, острината, сатурацијата, ISO и датектирање на ликови.

За снимање на видео нуди 720p што е и очекувано за паметен телефон, но снимањето во бучна околина, особено во која доаѓаат гласови од звучници, не може да помине најдобро. Нема никакви дополнителни опции за поставување на видеото и аудиото.

Што се однесува до аудиото, HTC 8S доаѓа со beats audio поддршка и слушалки кои се приклучуваат во дупчето кое се наоѓа на горниот дел од телефонот. Beats Audio поддршка работи само на слушалките и можете да ја вклучувате/исклучувате преку Settings → Beats Audio.

Перформанси

HTC 8S работи на двојадрен 1 GHz S4 процесор. Инаку, повеќе од јасно дека работи на Windows Phone 8 и има околу 75,000 апликации само за Windows Phone 8, a HTC има посебна секција за апликации и нивната бројка изнесува точно 6. Некои од тие апликации се веќе инсталирани на самиот систем, а дел можете да ги инсталирате по потреба. HTC 8S, исто така, има вградена апликација за покажување на времето, како се движат акциите и фид со новости од извори кои можете самите да ги уредувате.

На почетниот екран ќе ве пречека познатиот нов стил на Windows 8 со веќе распоредени елементи низ екранот, кои можете да ги преместување, зголемувате/намалувате и бришете по ваша желба.

До апликациите и сите останати опции се пристапува со лизгање од десно кон лево, или со притискање на стрелката која се наоѓа најдолу на почетниот екран. Опциите за вклучување/исклучување на WiFi, Bluetooth, рингтонови, профили и слично, се поставува преку менито Settings.

Останато

HTC 8S има вградена 1700 mAh батерија и истата не може да се извади. Од мое лично искуство, на самиот почеток се има покажано како добро издржлива. Имено, од самото купување на телефонот, во следните 3 денови беше активно користен за сурфање на интернет, уредување, пишување пораки и јавувања, и на крај имав преостанато уште 20%.

За разлика од 8Х, не нуди безжично полнење, па доколку одите некаде на подолг период, задолжително понесете си го USB полначот. Што се однесува до останатите опции што ги нуди секој телефон – јавување и пишување на пораки, има одличен одговор, како и при пишувањето, така и при добивањето на гласовните пораки.

За крај…

HTC Windows Phone 8S е нешто надпросечен паметен телефон, изработен за средната класа. Единствена подпросечна оцена може да дадам за квалитетот на камерата, додека сè останато (функционалноста, оперативниот систем, дизајнот, перформансите, батеријата) може да се оцени помеѓу 7 и 8 од можни 10.

Мал совет: Доколку се одлучите да го купите HTC Windows Phone 8S, имајте на ум дека телефонот работи на micro SIM картичка. Па, доколку досега не сте работеле на таква, заменета ја уште при купувањето, за да не се враќате назад.

9 коментари на “Прв поглед на HTC Windows Phone 8S

    1. Не, сè уште не поддржува инсталирање на апликациите на SD картичка. Ќе треба да се чека некој да направи custom rom.

      1. Не знам од каде таа информација, но имаш околу 2GB слободен простор, можеш да го користиш за што сакаш. Не верувам дека има некаков лимит на само 300MB за апликации.

      2. jas kako sto procitav samiot windows kreira nekoj "Other" folder koj go polni so nekoi kesirani raboti i nemoze da se izbrise. Bas zaradi ova ne go zemam telefonov, otvaras aplikacija Gmail, simnuvas attach, ti vika nema prostor… epa cao :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии