(Ви се допадна рецензијата? Споделете го вашето мислење за овој фотоапарат на форумот на IT.com.mk)

Имавме можност да другаруваме со супер зум апаратот Olympus SP-820UZ, благодарение на СЕТ компјутери. Овој апарат не е само актуелен заради таканаречените ProSumer или SLR Like, односно суперзум, туку и заради неговата изведба со CMOS сензорот кој се вградува кај аматерските и професионалните SLR апарати.

Карактеристики

  • Сензор: 14 Megapixels (effective), 1/2.3″ CMOS
  • Focal Length/Lens Configuration: 4.0 – 160.0mm (22.4- 896mm еквивалентна на 35mm фотографија)
  • Зум: 40x Optical Zoom + 4x Digital Zoom
  • Апертура: f3.4 (W) / f5.7 (T)
  • Дисплеј: 3.0-inch LCD, 460,000 dots
  • Фокус систем: CMOS со детекција за контраст, Focus Range (од површината на леќата), Normal Mode: W: 0.1m~∞/T: 3.0m~∞, Macro Mode: W: 0.1m~∞/T: 3.0m~∞, Super Macro Mode: 0.01m~∞/f=5.73mm(фиксирана фокална должина)
  • Фокус: iESP Auto, Spot AF, Face Detection AF, AF Tracking
  • Брзина на бленда: 1/2000 sec. -1/4 sec. (до 4 секунди во ноќна околина), ISO Sensitivity (SOS: Standard Output Sensitivity), ISO 80, 100, 200, 400, 800, 1600, 3200, 6400, Auto, High
  • Експозиција: ESP/Spot, ±2 EV steps in 1/3 EV steps
  • Формат на фајлови што ги поддржува: Still Image: JPEG, Movie: MOV/H.264
  • Број на снимани пиксели: 14M (4288×3216), 8M (3264×2448), 5M (2560×1920), 3M (2048×1536), 2M (1600×1200), 1M (1280×960), VGA (640×480), 16:9 L (4288×2416), 16:9 S (1920×1080)
  • Прикривање на затемнувањето: Dual Image Stabilization
  • Модови за фотографирање: Intelligent Auto, Program Auto, Beauty Mode, Panorama, Hand-Held Starlight, Photo+Video Clip, Scene Modes (Portrait, Landscape, Night Scene, Night + Portrait, Sport, Indoor, Self Portrait, Sunset, Fireworks, Cuisine, Documents, Beach & Snow, Pet (Cat), Pet (Dog), Backligh HDR), HD Movie
  • Филтри: Pop Art, Pinhole, Fisheye, Drawing, Soft Focus, Punk, Sparkle, Watercolor, Reflection, Miniature, Fragmented, Dramatic
  • Панорама: In-Camera Panorama (Smart Panorama), PC Panorama (До 10 фрејма кои се автоматски поврзуваат со ib софтверот)
  • Постојано фотографирање: Околу 1.5 fps / 200 слики (14M), Околу. 3fps / 3 слики (14M), Околу 10 fps / 34 слики (3M), Околу 30 fps / 34 слики (3M)
  • Функции за помагање при фотографирање: Histogram, Frame Assist, Voice Recording
  • Мод за филмови: 1080p, 720p, HS720 60fps, HSVGA 120fps, HSQVGA 240fps, VGA
  • Процесирање на фотографии: TruePic™ V
  • Редукција на звук: Night Scene, Night + Portrait, Candle, Sunset and Fireworks
  • Ефекти за едитирање на филм: Still Image: Beauty Fix, Resize, Cropping, Saturation
  • Блиц: Built-in; Auto (за слабо светло), Red-Eye Reduction, Fill-in, Off; W: 0.2m – 15.0m (ISO 3200), T: 3.0m – 8.9m (ISO 3200)
  • Тајмер: 12/2 Seconds/ Pet auto-shutter
  • Медиумска картичка: SD/SDHC/SDXC Card (не поддржува UHSspeedclass)
  • Конектори: Multi-Terminal (USB Connector, Audio/Video Output), HDMI Type D
  • USB: USB 2.0 High-Speed (USB Mass Storage)
  • Системски побарувања: Auto-Connect USB: Windows® 2000/XP/VISTA/7 with USB port, Mac OS X 10.3 or later with USB port, Software: Windows® 2000PRO/XP/VISTA/7, Mac OS X 10.3 – 10.5
  • Тежина: 485 грама
  • Безжичен трансфер: Wi-Fi компатибилно со Eye-Fi™ SD мемориска картичка
  • AF илуминатор: Има

Пакување

Во кутијата ќе најдеме: Апарат – тело со објектив, 4 алкални батерии за една употреба, заштитно поклопче за објективот и врвка за истото, каиш за апаратот, USB кабелче, CD со документација, кратко упатство и гарантни листови.

Дизајн

На прв поглед апаратот изгледа одлично се додека не го земеме во рака. Тогаш се чуствуваат неговите недостатоци. Апаратот лежи прекрасно на рака заради неговиот голем „Grip“ , во кој се сместени 4-те батерии. На тој дел има одлична и мека гума која не дозволува мрдање и стабилно држење при фотографирањето. Но, за жал неговата изработка е премногу „пластична”. Ова е разбирливо и заради цената од 300 евра по која се продава истиот. Доколку телото било изработено од некој поквалитетен материјал верувам дека и цената би била повисока. Како и да е, компактно изработено куќиште, со дофат на прстите на секоја функција.

Големиот 3 инчен LCD екран на задната страна обезбедува одличен приказ на фотографиите со преку 460.000 пиксели. Тука се наоѓаат и функциските тастери.

Поглед од страна:

На горниот дел се наоѓа блицот кој се отвара и затвара рачно, тркалцето за избор на модот на сликање или пак снимање, копчето за вклучи/исклучи, копчето за сликање „shutter” и прстенот за зумирање „ring”. Поглед од горе:

Функционалности

Во изборот на модови за фотографирање сме малку ограничени. Имаме можност да избереме потполно автоматска контрола, односно кога апаратот во потполност ги избира предефинираните модови за фотографирање, притоа во горниот лев агол ни дава информација каде и во кој мод се наоѓаме. Програм модот Р во кој можеме да менуваме дел од параметрите е полуавтоматизиран мод кој можат да го користат понапредните корисници бидејќи апаратот не поседува мануелен режим на работа кој е голем недостаток.

Сепак за да се извлече максимумот верувам дека овој режим би бил неопходен. Тука може да се менува WB, вредноста на ISO и останатите стандардни параметри, блиц, тајмер, големина на фотографијата во мегапиксели.

Модот за снимање на видео материјали и избор на резолуција ви нуди:

  • Слика: 1080p, 720p, HS720 60fps, HSVGA 120fps, HSQVGA 240fps, VGA.
  • IS мод за снимање.
  • Снимање на звук.
  • Редукција на надворешен шум.

Панорамските слики кај различни производители на фотоапарати се прават различно. Кај овој модел тоа се прави на специфичен начин со едноставно движење во одредена насока со тоа што правиме слика во насока на движењето. По престанување на движењето процесорот во апаратот ја обработува снимката и ја прикажува панорамската слика како една фотографија.

Olympus Stylus SP-820UZ има и брз мод за ноќно снимање, од кој не сум баш нешто задоволен, а сепак мислам дека CMOS сензорот е оној од кој може да се извлече максимум кога се слика во лоши светлосни услови. Но повторно тука ќе ги споменам мануелните подесувања.

SCN модот содржи неколку предефинирани модови односно: Portrait, Landscape, Night Scene, Night + Portrait, Sport, Indoor, Self Portrait, Sunset, Fireworks, Cuisine, Documents, Beach & Snow, Pet Mode – Cat, Pet Mode – Dog, Backlight HDR. На голем дел од почетниците ова ќе ми биде релативно добар избор покрај автоматскиот мод за фотографирање.

Magic модот содржи 12 ефекти:

  • Pop Art
  • Pin Hole
  • Fish Eye
  • Drawing
  • Soft Focus
  • Punk
  • Sparkle
  • Watercolor
  • Reflection
  • Miniature
  • Fragmented
  • Dramatic

Еве неколку фотографии кои се сликани со апаратот. Повеќе фотографии со ефекти и без, ќе најдете тука.

Кога сме кај блицот спомнав дека тој се отвара и затвара рачно, со подигнување или спуштање. Можев да забележам дека делува многу нежно, па ви препорачувам доколку се одлучите да го поседувате овој супер зум апарат, да обратите малку поголемо внимание на тој дел. По спецификација тој е деклариран за растојание од 0,2 до 15 метри за ISO 3200. По моето видување, блицот за предмети кои се поблиску може да биде прејак доколку не употребите соодветни поставувања на параметрите за она што ќе го фотографирате.

Апаратот е опремен со Оlympus-овиот супер зум широкоаголен 22мм објектив со 40х оптички зум.

На долната страна од апаратот се наоѓа капаче под кое се сместени SD картичката и батериите. Апаратот поддржува SD/SDHC/SDXC мемориски картички. Во текот на целото фотографирање користевме Class6SDHC картичка од 8GB. Во централниот дел е поставен и навој кој служи за поставување на трипод. Апаратот користи како што кажавме и претходно, 4 АА батерии. Од тука е најверојатно и потребата за изработување на толку голем „Grip”, односо држач кој совршено легнува во раката. Користењето на обичните батерии понекогаш е од голема корист. На пример се наоѓате некаде и вашите батерии сте заборавиле да ги наполните. Решението е првата трафика каде што ќе се снабдите со 4 алкални батерии и ќе продолжите да фотографирате. Но доколку сакате да имате квалитетна батерија во секое време, а притоа да не се секирате дали сте ја заборавиле да ја наполните, или сте ја полнеле пред повеќе од две, три па и повеќе недели, топло би ви ги препорачал Sanyo eneloop батериите.

На десната страна се наоѓаат приклучоците за USB и HDMI кои се совршено покриени со гумичка за да не сметаат и за да не се полнат со нечистотии. Меѓу другото да не го нарушат изгледот на целиот апарат. Треба да се нагласи дека во пакувањето не доаѓа A/V кабел.

За предниот дел има соодветно капаче кое го покрива објективот и го штити од нечистотии и евентуално оштетување. Доколку го вклучиме апаратот и употребиме максимален зум, ќе го забележиме излегувањето на објективот кој претходно беше вовлечен во самото тело.

Не треба да го заборавиме и софтверот кој е имплементиран во самиот апарат – Bеаuty Fix. Може да се нарече мини фотошоп со кој можеме да вршиме комплетни корекции. Мислам дека Olympus како адут за успех на овој модел го користи својот 40х оптички зум и широкиот агол од 22мм. Можам слободно да кажам дека со комбинација од одличниот стабилизатор кој го поседува апаратот без никаков проблем можат да се прават одлични фотографии во нормални дневни услови со максимален зум. Потврда за тоа се и фотографиите кои можете да ги погледнете подолу.

Како голем плус можеме да го издвоиме и CMOS сензорот кој се грижи за квалитетот на сликите во лоши светлосни услови, но сепак можам да кажам дека голема негативност му е недостаток на мануелен мод, повторно, каде што со помош на знаење на фотографот би се направиле перфектни фотографии. Како недостаток на тој мод, самата логика на апаратот е да се подигне ISO-то, но со самото тоа се внесува и премногу шум, па фотографијата многу често знае да стане неупотреблива, односно матна и да се изгубат деталите.

За разлика од конкуренцијата, постпроцесот на овој модел е таков да сликите ги прави да бидат релативно помеки, па многу често е потребно да се користи опцијата „Unsharp mask” од Photoshop за да се добие во оштрина на сликата. Сепак тоа е релативна работа за секој корисник. Во поглед на колоритет, сликите се со добар контраст, одлични природни и не пренагласени бои, заслуга повторно на сензорот во комбинација со процесорот за обработка на сликите кој се вградени во апаратот.

Исклучително позитивно ме изненади макро модот кој морам да го споменам. Квалитетот на макро модот ќе може да го забележите на фотографијата каде е фотографиран рачен часовник.

Едни од позитивните работи кои треба да се спомнат е брзината на функционирање, односно вклучување, полнење на блицот и брзината на фокусирање. Како и кај сите зум апарати, во сликите можат да се забележат хроматските аберации, односно аномалии кои се манифестираат со разлевање на боите во ќошевите од сликите. Со оглед на 40х оптичкиот зум може да се каже дека тие се сведени на минимум, но сепак се присутни и влијаат врз квалитетот на фотографијата.

Квалитетот на сликата и шумот можеме да го забележиме на следната фотографија. Имено тука е направена и споредба на ISO вредностите кои многу од корисниците мислам дека ќе ги интересира:

Сликањето до ISO 400 е сосема прифатливо, веќе на 800 може да се почувствува појавата на шум. На поголемите вредности сликите се употребливи нормално, но се во зависност од условите на осветлување. Иако сензорот е CMOS, неговата големина игра многу голема улога. За жал овдека станува збор за ½.3 мм сензор, кој е релативно мал, па постигнатите резултати можат да се сметаат како солидни. Деталите полека почнуваат да се губат, така да на вредност од 1600 можеме да кажеме дека се тешки за распознавање.

Да не заборавиме дека како опција постои и Full HD снимање на видео. Квалитетот на видеото е задоволително во однос на тоа колку чини овој фотоапарат. Резултатот е просечен, што може да се види и од снимениот материјал. 1920х1080 пиксели и 30 фрејма во секунда. За снимен материјал од 1 минута во просек ќе ви треба 150 мегабајти слободен простор на мемориската картичка.

(*За најдобар квалитет, сетирајте го YouTube видеото на 720p+)

[youtube]JqTfM-DMLGQ[/youtube]

Заклучок

Како конечен збор можеме да кажеме дека ова би бил комплетен апарат за корисници кои туку што запловуваат во фотографските води. За оние понапредните сепак би препорачал некој друг модел, модел кој би имал комплетно мануелни подесувања. Заклучокот е дека Olympus се потрудиле да направат еден комплетен супер зум апарат кој изобилува опции и можности. Во поглед на цената за дадено и добиено, би го препорачал на сите оние кои би сакале да користат таканаречен SLR Like апарат. Добиените фотографии се поставени на следниот линк, каде што можете да ги погледнете во максимална резолуција.

Позитивно:

  • CMOS сензор:
  • Супер зум;
  • Одлична стабилизација на слика и при максимален зум;
  • Брзина при работа;
  • Одличен екран;
  • Одлично макро;
  • Природни бои на фотографиите;
  • Одличен грип, одлично лежење на рака;
  • Bеаuty Fix опцијата;
  • Цена (300 евра).

Негативно:

  • Делува доста пластично и евтино;
  • Недостаток на мануелно подесување на параметри;
  • Недостаток на оштрина на сликите во нормално сетирани параметри;
  • Грешење при автоматски избор на WB;
  • Лошо мерење за јачина на светлината испорачана од блицот при ноќно сликање;
  • Нема „View Finder”.

Голема благодарност до SET компјутери кои ни го одстапија овој производ на тест.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии