Прв поглед на Doogee Turbo DG2014, моќен и евтин Android телефон

(Гостинската рецензија е првично објавена на форумот на It.com.mk од Olikomerc. За дискусија, други детали, повеќе слики и прашања, повелете на форумот.)
_____________________________________________________________________________________________

Овојпат за рецензија имаме модел од еден нов бренд Dооgее. Се работи за нова компанија на кинескиот пазар, која е меѓу главните играчи кога станува збор за производство и продажба на паметни телефони. Во оваа рецензија ќе се запознаеме одблизу со Doogee Turbo DG2014, прекрасен и ептен тенок 5 инчен теелефон со 2 SIM картички, кој e одличнo изработен, и со солидни перформанси за кои ќе видиме подетално понатаму во рецензијата.

(Фотографијата, и сите следни фотографии, се дело на Оливер Јосимовски)

Технички Спецификации:

  • Оперативен систем: Android OS 4.4.2 (Kit-Kat)
  • Chipset: Mediatek MT6582
  • CPU: Quad-core 1.3 GHz Cortex-A7
  • GPU: Mali-400
  • Дисплеј: 5.0″ HD 1280×720 pixels, IPS capacitive, OGS Full Lamination
  • Меморија: ROM 8GB / RAM 1GB
  • SIM картички: Dual SIM Card (1 x Mini-SIM и 1 х Micro-SIM)
  • Камера: 13MP со LED FlashLight
  • Предна камера: 5MP
  • Батерија: Li-ion 1750mAh
  • Димензии: 143 x 72 x 6.3mm
  • Wi-Fi: 802.11 b/g/n
  • Bluetooth: Bluetooth 4.0
  • GPS: GPS, AGPS
  • Видео формати: MP4/ 3GPP/ H.264
  • Цена: ~8.500 денари

Дизајн

Doogee Turbo DG2014 доаѓа во добро спакувана бела елегантна амбалажа, а внатре покрај телефонот се наоѓаат и додатоците што одат со него, сите во бела боја: полнач, USB кабел, слушалки, две заштитни фолии за екранот, плус една веќе нанесена и упатство за употреба на македонски јазик.

На изглед телефонот од надвор делува многу елегантно. Има коцкаст изглед, од напред целиот екран е покриен со стакло (OGS Full Lamination) и кога е изгаснат екранот делува многу симпатично, комплет е црн од напред поради стаклениот изглед. Од страните е метален, поточно поголемиот дел од телефонот е направено од легура од алуминиум и магнезиум што го прави поцврст и стабилен. Поради OGS технологијата, е и многу тенок со само 6,3 милиметри така да може да се вброи меѓу најтенките телефони на пазарот.

На горниот дел се наоѓа USB приклучокот за полнење на телефонот и поврзување со компјутер и 3,5 мм аудио излез за слушалки. На предната горна страна се наоѓа предната камера и Proximity сензорот. Од левата страна е копчето за вклучување, а од десната страна се копчињата за регулирање на јачината на звукот.

Капакот од задната страна е нешто како половина гумен, половина пластичен, со ситни дупчиња по него, нежен на допир и не се лизга од раце. На задната страна долу се наоѓа звучникот и логото на производителот, а горе е камерата која е малку испакната и се приметува дека малку штрчи. Под капакот е батеријата, а има место за две SIM картички, од кои едната е Mini-SIM, a втората е Micro-SIM. Има и слот за мемориска картичка.

Хардвер и софтвер

Од хардверска гледна точка, Doogee Turbo DG2014 е солидно опремен со 4-јадрен Mediatek процесор MT6582, има 1GB RAM меморија и 8GB внатрешна меморија. Екранот е 5 инчи IPS со HD резолуција 1280×720 и OGS Full Lamination, со ултра-осетлив Retina дисплеј. Боите се одлични и прецизни и нема никакво изобличување на боите како и да се сврти телефонот под кој било агол. Има и автоматска регулација на осветлувањето на екранот што е се почесто изоставено кај поновите модели на телефони од големите производители. Екранот на допир си функционира лесно и прецизно.Батеријата е со 1750 mAh и со нормално користење со две SIM картички, вклучено WiFi во поголемиот дел од денот, телефонот издржа околу ден и половина првиот пат, после следното полнење не го малтретирав многу и надмина два дена и некој саат, а со почесто користење издржа до кај еден ден. За телефонирањето нема никакви проблеми, одлично се слуша, исто и од другата страна.

Телефонот доаѓа со Android 4.4.2 Kit Kat оперативен систем. При работење, инсталирање разни апликации, тестирање, бенчмаркови итн, не наидов на некои потешкотии, сосема нормално си работи и софтверот не покажа некаков баг или слично.

Камера

Телефонот е опремен со две камери од кои задната камера е со резолуција од 13MP и има LED флеш, додека предната е 5 MP. Камерата е составена од 5 различни специјални леќи за поживи и поостри слики. Во прилог следуваат неколку слики направени со нив од кои може да се види со каков квалитет се истите.

Tестирање 

Во прилог еве и неколку тестови од најчестите програми за тестирање, колку да се види и спореди со други модели.

Заклучок

Доколку барате телефон за околу 8.000 денари, тогаш вреди да му се даде шанса и на Doogee Turbo DG2014. Пред се има елегантен изглед, квалитетна изработка, прекрасен 5 инчен IPS екран, доволно RAM и ROM меморија, како и две солидни камери напред и позади. Како плус би го навел поседувањето на две SIM картички, така да нема да има потреба од додатни сим адаптерчиња. Телефонирањето е без проблеми, proximity сензорот е ептен брз, а и самото работење со телефонот, движење низ менито, отварање апликации, се си работи брзо без укочувања и лагирања. Како минус може би била батеријата која би требало да биде барем над 2000-2500 mAh за ваков вид на телефон, иако со нормално работење комотно ќе држи ден ипол до два.

За крај голема благодарност до Anhoch за отстапениот модел на тестирање.

2 коментари на “Прв поглед на Doogee Turbo DG2014, моќен и евтин Android телефон

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии