Прв поглед на Cooler Master Elite 430 Black

Во следниов тест ќе ви го претставам куќиштето на Cooler Master од серијата Elite, кое спаѓа во поевфтиниот дел од ценовникот. Станува збор за Elite 430 Black. Ова куќиште е наменето за корисниците со ограничен буџет кои сакаат функционално куќиште со не-наметлив дизајн.

Технички карактеристики:

  • Тип: Куќиште
  • Производител: Cooler Master
  • Модел: Elite 430 RC-430-KWN1
  • Тип на куќиште: Midi
  • Боја: Црна
  • Формат на плоча: ATX/Micro-ATX
  • Димензии: 190 x 424 x 490 (W / H / D) mm
  • USB конектори: 2
  • Конектор за мик/слушалки: 1/1
  • Места за 5.25″ уреди: 3
  • Места за 3.5″ уреди: 2
  • Места за хард-диск: 5
  • Вентилатори: 1
  • Додатни вентилатори: 6
  • Димензии на вентилатори: Top: 120 mm fan x 2 (optional); Front: 120 mm blue LED fan x 1,140 mm fan x 1 (optional); Rear: 80/90/120 mm fan x1(optional); Side: 120 mm fan x 1(optional); Bottom:80/90/120 mm fan x1(optional)mm
  • Цена: ~2550ден.

Пакување

Elite 430 се испорачува во стандардна картонска кутија на која има слики од самото куќиште и од техничките карактеристики на истото. Со оглед на тоа дека се работи за Мidi Тower куќиште и дименизиите на пакувањето се помали за разлика од другите модели на Cooler Master. Во пакувањето освен куќиштето доаѓаат и соодветни шрафчиња и упатство за користење.

Elite 430 е изработено од комбинација на добро издизајниранa пластика и тенок челик. Вкупната маса на пакувањето е 5,8 kg, додека самото куќиште тежи околу 4,7 kg со димензии 190 x 424 x 490 mm.

Со право можам да кажам дека 430-ката преставува модел каков што сме навикнале да гледаме од Cooler Master серијата, додека за ELITE моделите ова е значаен чекор напред во однос на дизајн и функционалност.

Карактеристики

Предната страна на куќиштетот овозможува да се вградат три 5,25-инчни уреди (CD-ROM). Тоа што е до некаде зачудувачки за нов модел е тоа што има место за вградување на флопи уред, но затоа на нивно место може да се вгради некој дополнителен уред како што е USB 3.0.

Врвот на предниот панел е искристен за два USB 2.0 портови, како и за аудио влез и излез, додека пак Power и Reset тастерите, како и контролните статус диоди, се на ивиците на предната страна.

Долниот дел од предната маска е резервиран за 120 mm вентилатор кој е обложен со добро издизајнирана пластична решетка за проток на воздух. Овој 120 mm вентилатор е декориран со сино LED светло за да се долови ефектот на модерно (hi-end) куќиште. Местата кои се за CD-ROM и флопи се обложени со црна метална мрежа, додека се останато на предниот дел е од пластика.

На левата страна има прозор кој е направен од плексиглас, и кое овозможува поглед во внатрешноста на куќиштето на кој може да се додаде и 120 mm вентилатор.

Уште два 120 mm вентилатори може да се вградат на горниот капак, а просторот предвиден за овие два вентилатори може да се искористи и за монтирање на радијатор за водено ладење. Сепак на сè се мислело кога се дизајнирало ова куќиште.

Доколку го завртиме од задната страна ќе забележиме дека напојувањето може да се смести само на дното од куќиштето, каде има вентилациски отвор кој е заштитен со филтер за прашина. Освен вентилаторскиот отвор за напојувањето, на долната страна има уште еден отвор каде може да се смести уште еден 80, 90 или 120 mm вентилатор.

Отворите за додатни картички се направени на тој начин што ако еднаш се извадат не можат повторно да се наместат. На задната страна од куќиштето има направено отвори за монтирање на водено ладење како и уште една решетка предвидена за вентилатор. Со вградениот преден вентилатор може да се вградат уште додатни 5 вентилатори, што значи дека со ладењето нема да имате никаков проблем кога е Elite 430 во прашање.

Страниците се лесни за монтирање. Можат да се извадат и без користење на алат, ништо ново.

Со вадењето на страницитите пред вас ќе се отвори едноставна, и со оглед на димензиите на куќиштето, и изненадувачки пространа внатрешност. Прозведувачот одлучил и на ова евтино куќиште да ги прати трендовите и целата внатрешност е обоена со црна боја.

Исто така друга предност што ми падна во очи, а ја имаат поскапите модели е тоа што има и голем отвор на делот каде е сместен процесорот. Со ова се олеснува вадењето и ставањето на велтилатори на процесорот, при што не мора да се вади целата матична плоча.

Elite 430 според спецификациите е способен да прифати micro ATX или ATX формат, а благодарение на намалениот кафез за хард-дискови може да се вградат и поновите (подолги) графички картички. Тука има и еден недостаток. Ќе мора да ставите само една графичка со еден хард-диск. Доколку се обидете со две графички и два хард-дискови ќе наидете на мал проблем со просторот.

Кога веќе го спомнав кафезот за дискови, на него може да се вградат пет хард-дискови или SSD уреди. Сето тоа е направено на веќе познатиот принцип за вградување без алат со познатиот пластичен механизам.

Вградувањето на компонентите е лесна ако се земе во предвид дека се работи за мало куќиште, па така ќе ви треба и малку трпение. Да не би се така позитивно и без критики, имам и една забелешка, а тоа е средувањето на каблите кои навистина нема каде да се скријат. Тоа средување е препуштено на вашата креативност и труд.

Заклучок

Elite 430 е куќиште кое може да се купи по цена од 2.550 денари. За тие пари добивате куќиште кое со дизајнот може да ги освои и оние кои имаат поголеми побарувања, додека кај функционалноста нема да ги разочара ниту оние најпребирливите. Elite 430 на пазарот можете да го најдете како ефтина алтернатива на скапите модели.

Одличниот систем за ладење кој го сочинуваат дури шест 120 mm вентилатори, од кои три се заштитени со филтер за прашина, како и отворот за напојување. И корисниците на водено ладење нема да бидат разочарани бидејќи ова мало парче лим има добро осмислен систем и за нив.

Оцена 9/10, можеби е едно од најдобрите куќишта на македонскиот пазар.

Позитивно:

  • Цена
  • Филтрите за прашина
  • Ладењето
  • Поддршка за повеќе графички картички
  • Монтирање без користење алат.

Негативно:

  • Тешко средување на каблите
  • Само еден вентилатор со куќиштето

2 коментари на “Прв поглед на Cooler Master Elite 430 Black

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии