Прв поглед на Canv.as, нов друштвен проект на основачот на 4chan

Canv.as е нов друштвен сервис каде корисниците споделуваат слики кои се обработат со популарни асоцијации. На прв поглед изгледа дека сајтот е само „for the lulz“, но како што покажа 4chan ваквите наивни шеги можат да навлезат во мејнстримот и да ја дефинираат интернет културата. Не е за џабе што Canv.as е поддржан од познати инвеститори. Одличен пример за ваков успешен сервис е icanhascheezburger мрежата која стана милионски бизнис основана на слики од мачки и кучиња, што всушност беше идеја започната од 4chan корисниците. Тогаш зошто да не се искористи истата заедница, истата популарна забава и да се креира влијателен генератор на мемиња?

Moot вели дека разликата меѓу Canv.as и 4chan, освен построго администрирање и контрола – во Canv.as има опција за пријавување на навредлива и сексуална содржина, е што на 4chan интересните слики со потенцијал се губат во коментарите, додека Canv.as е креиран само за играње со слики.

Токму таков е и првиот впечаток кога ќе сте во Canv.as. Веднаш ве пречекуваат стотина фотографии сите забавни сами по себе. Веднаш имате стикери за закачување на сликата од LoL до сезонски настани да ја одбележите сликата кои најверојатно после затворената бета верзија ќе можат да се споделуваат и да ги преплават друштвените мрежи.

Going to http://canv.as and requesting an invite is still the best way to get in. We’re giving out invites every day, good luck!less than a minute ago via web

Најзначителна опција во Canv.as е Remix копчето под секоја слика. Со кликање се отвара веб алатка за играње со сликата, по што обработените слики се редат под првичната дозволувајќи им на другите корисниците да гласаат и да ги истакнат најдобрите, што е всушност и идејата – да не се изгубат најкреативните фотографии меѓу купот други.

Canv.as е интересен и забавен проект, но неговиот успех и влијание сепак не зависи од него, туку од креативноста на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии