Прв поглед на Bend, првата паметна алка на Microsoft

Microsoft Bend e паметна алка која, од тоа што може да го заклучиме од прегледот на сајтот на Lumia, е фитнес додадок кој може да се поврзе со Windows Phone и да собира статистика за корисникот. Bend не претендира да го следи трендот и да биде паметен часовник, туку единствено е додаток кој на корисниците им помага при вежбањето со статистика која можа да ја искористат за подобро спиење.

Bend доаѓа со куп сензори: оптички монитор за работата на срцето, GPS, сензор за мерење на електричната спроводливост на кожата кој може да укаже на стрес, сензор за изложеност на UV-зрачење и жироскоп. Лентата се управува преку Microsoft Health апликацијата која изгледа незаменлива кога лентата е во прашање. Bend се впарува со телефонот, но се чини дека телефонот не е неопходен за следење на активностите, па може на пример да го измери времето, пулсот, истрчаните километри и потрошените калории и без синхронизација со Windows Phone. Дополнително апликацијата ќе ви го пресмета и времето потребно за да се oдморите од вежбите. Но, кога е поврзан со телефонот, апликацијта покажува повеќе податоци, а овозможува и аплоад на програми за вежбање или трчање на Microsoft Bend.

Освен вежбањето, лентата има можност и да се разговара со гласовниот асистент Cortana за да ве потсети за некој состанок или некоја друга обврска, но и можност за проверка на SMS или имејл пораките на лентата. Сепак за користењето на Cortana е потребно телефонот да биде во близина за да може да одговори гласовно, што сепак е некако глупаво, бидејќи ако телефонот ви е при рака зошто би ја користеле лентата за овие прашање?

Конечно Microsoft Bend овозможува детална статистика за сонот, па може да видите колку спиете, колку време сте во длабок сон и колку време сте во лесен сон, што може да ви покаже дали е потребно повеќе време за одмор или можеби промена на дел од навиките доколку премалку време поминувате во длабок сон.

[youtube]g7a-GTyEEbg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии