Развојот и популаризацијата на ултрабуковите расте многу брзо, пред се бидејќи се лесни за носење и дозволуваат елегантни дизајни. Asus како една од водечките компании за производство на ултрабук има извадено неколку генерации на ултра тенок лап-топ, меѓу кои е и Asus UX31A, првиот 13.3 инчен ултрабук со Full HD резолуција. Овој убаво дизајниран ултрабук е освежен со IPS мат дисплеј, долгоочекуваното позадинско осветлување на тастатурата како и Ivy Bridge процесор.

Спецификации

  • Оперативен систем: Microsoft Windows 7 Home Premium 64 bit
  • Процесор: Intel Core i5-3317U (1.7 GHz)
  • Чипсет: intel HM76 Express
  • Екран: 13,3″, 1920×1080, IPS, мат
  • Меморија: 4096 MB DDR3 1600 MHz
  • Хард диск: SSD 256GB SATA-III
  • CD-ROM: нема
  • Графичкa: Intel HD4000
  • Мрежа: Wi-Fi 802.11b/g/n, Bluetooth 4.0 + ХС
  • Веб камера: HD веб камера
  • Портови: USB 3.0 х 2, микро-HDMI, мини-VGA, слушалки, микрофон (комбинирано)
  • Мемориски картички: 4-во-1 читач на картички (SD / SDHC / SDXC / MMC)
  • Батерија: 6840 mAh батерија со четири елементи
  • Димензии: 325 х 223 х 3 -18 мм
  • Тежина: 1,3 кг
  • Гаранција: 2 години
  • Цена: 62.990ден

Конфигурацијата не се разликува од неговиот претходник UX31E, но постојат неколку важни детали кои овој модел го прават подобар. IPS екран со мат финиш и FullHD резолуција (многу важно за нас и за повеќето корисници) на 13.3-те инчи со што се чини дека е единствениот ултрабок со FullHD со оваа големина. Исто така новост е и што двата USB порта се 3.0.

Пакување

Целиот сет е скриен во една голема убава црна кутија на која нема многу податоци за самиот уред тука најосновините работи: лого, модел и слика од ултрабукот. Во внатрешноста освен лаптопот се наоѓа и полнач, упатство за користење, два адаптери за LAN и VGA, футрола за чување на ултрабукот како и сет од микрофибер крпче и менаџер за кабли.

Поради неговите мали димензии е невозможно да се стави мрежен и VGA приклучок, тој проблем е решен со двата адаптери кои доаќаат како додатна опрема.

Дизајн

На прв поглед ќе забележите дека ултрабукот е изработен од високо квалтетен брусе алуминиум со карактеристични клинести рабови. На горниот дел од куќиштето се наоѓа логото на Asus, додека пак на долната страна е решетката за ладење на поклопецот под кој се наоѓаат батеријата и внатрешните хардверски делови. Достапен е во три бои. На десната страна се наоѓаат HDMI и VGA приклучоци (на кои се приклучуваат погоре опишаните адаптери, еден USB 3.0 порт и приклучок за напојување).

Левата страна е резервирана за вториот USB 3.0 порт, аудио приклучок (слушалки, микрофон) и читач на SD картички. Ќе забележите дека се изоставени многу додатоци како CD-ром и индикатори на системот. И, вероjатноби било многу тешко да се вклопат на лаптоп со дебелина од едвај 3mm.

Откако ќе го отворите лаптопот ќе забележите црна мат маска околу IPS панелот и алуминиумско куќиште околу тастатурата и тач падот.

Копчиња на тастатурата се изработени од црна мат платика на која симболите се со сива боја, тие се јасно видливи на секаква светлина. Пишувањето е лесно и удобно, а алуминумската база влева доверба дека тастатурате е фиксно прицврстена при пишување. Позадинското „бело“ светло му дава yбав изглед и покрај огромната помош при куцање на слаба осветленост. Јачината е рачно подеслива и има три различни нивоа на осветленост.

Touchpad-от поддржува multitouch функции кои овозможуваат да ги извршувате сите поважни функции само со допир со еден, два или повеќе прсти. Лесен е на допир и покрај многуте шпекулации дека има проблеми, тие се решаваат само со преинсталирање на понови драјвери.

Како и кај повеќето лаптопи, камерата од 1,3 мегапискели се наоѓа на средина над екранот, и е дополнета со микрофон.

Дисплеј и прикажување

Asus Zenbook Prime UX31A има 13,3″ IPS дисплеј со резолуција од 1920х1080 пиксели. Опсег на затемнување од 30-300 cd/m2, освен за рачно подесување има и автоматско подесување на светлина со помош на светлосниот сензор. Сите овие податоци кажуваат дека за UX31A работен агол не постои. Квалитетот на сликата е ист за било која позиција. Благодарение на високата осветленост на овој екран, можете лесно и без проблем да работите и на сочев ден каде сончевите зраци удираат дирекно во екранот. Можеби единствен проблем би била големината на буквите кај некој сајтови додека сурфате или на некои апликации при работа, што е случај кај мали екрани на висока резолуција.

Квалтетот на звукот го потврдува и натписот под десната страна на тастатурата “Audio By Bang & Olutsen ICEpower“. Квалитетен звукот е лесно споредлив со некој на поголем мултимедијален лаптоп. При гледање на филмови или слушање музика без разлика на тоа каде се наоѓавме, звукот беше прилично јак и чист без никакви шумови.

Кога станува збор за лаптоп, се покренува прашањето колку е тој способен да работи на батерија? ASUS UX31A има не-отстранувачка li-poli батерија со 50 Wh. Тоа значи дека при максимална оптеретеност од 100%, батеријата е доволна за еден и пол час, додека при вообичаено користење ултрабукот работи повеќе од 8 часа, што е сосема доволно и во двата случаеви. Вредно да се спомeне е што има 1 година гаранција на батеријата.

Перформанси, софтвер, тестови

При првото вклучување на ултрабукот ќе забележите дека доаѓа со лиценциран Windows Home Premium x64 bit, како и корисни Аsus апликации кои ќе ви помогнат полесно да се вклопите во работната околина.

Ivy Bridge Core i7-3517U, кеш L3 4 MB, интегрирана графичка Intel HD4000 350 MHz, 4 GB RAM и 128 GB SSD се дел од главните носители на перформансите кои ќе ги даде уредот при тестирањето. Од experience тестот може да се примети дека системот има недостаток на RAM но како што знаеме тоа може да се додаде и затоа не ставеме голем акцент врз тој недостаток.

Од инсталираниот софтвер кој доаѓа би одвоиле неколку апликации кои сметаме дека се вредни да се спомнат.

  • AsusWebStorage е апликација која ви обезбедува простор за складирање на податоци. Лесен за употреба, и ви обезбедува 2 GB бесплатен простор.
  • Asus Vibe мултимедијален центар кој ви ги нуди сте видови на онлајн услуги, музика, игри, радио.
  • Ai recovery ви овозможува правење на резервни копии (backup) на DVD/BD.
  • Splendid Video Enhancement е програмче кое ви овозможува брзо и лесно да менувате контраст/осветленост на екранот. Можете да одберете од постоечките опции и истите да ги снимете на вашиот профил.
На самиот десктоп ќе во горниот десен агол ќе приметите и два виџети кои служат за префрлување на режим на работа на батеријата (перформанси, заштеда на енергија), оптимизација на работење, како и брзо копче за најава на корисник SmartLogin.

Дојде време UX31A да го видиме како работи кога е оптеретен, освен одличните физички карактеристики овој ултрабук има и одлични перформанси кои ќе се покажат од неколкуте тестови што ги направивме.

Ултрабукот е тестиран на неколку програми за тестирање, и мерење на температура при максимална оптеретеност.

  1. As SSD
  2. CristalDiskMark
  3. 3DMark 03
  4. 3DMark 05
  5. 3DMark 06
  6. 3DMark 11
  7. 3DMark vantage
  8. Unigane Benchmark
  9. Cinebench
  10. HWinfo

При тестирањето забележавме дека ултрабукот е речиси бесчуен, првите значи на бучава се слушнаа при огромна оптеретеност и температура над 55 степени целзиусови кога се вклучува кулерот, што е во границите на нормалата. Максималната температура при оверклокуван процесор достигна 76 степени, и на таа температура не се забележи значително загревање на куќиштето.

Процесорот беше „клокнат“ до 2.4 GHz, фрекфенција на која лаптопот одржа стабилност.

Меморијата си работеше на стандардни 1600 MHz, но 4-те GB меморија во одрдени тестови беа исцрпени до последен бајт, со што дојдовме до заклучок дека уште 2 GB одлично би го освежиле системот. Но, за секојдневна и бизнис работа се повеќе од доволно и вградените 4 GB.

Графичката исто така си работеше на default 350/800 MHz фрекфенција и одлично си ја заврши работата. Извади максимум фрејмови на скоро сите тестови.

As SSD

Првиот тест беше на SSD-то. UX31A доаќа со вграден 128 GB SunDisk кој има Sandforce мемориски контроли, што при наполнетост на дискот повеќе од 80% перформансите значително се намалуваат. Но, тоа не е проблем само кај моделов туку кај сите solid state disks кои користат ваков вид на контролер.

CristalDiskMark

Уште еден тест од кој се гледа брзината на читање и запишување на големи фајлови на 40% полн диск.

3DMark 3, 5, 6, 11, vantage

3DMark тестовите ги помина задоволително со значителни резултати.

  • 3DMark 03

  • 3DMark 05

  • 3DMark 06

  • 3DMark 11

  • 3DMark Vantage

Unigane Benchmark

На Unigane бенчмаркот е тестиран на резолуција 720p со исклучена tessellation на DX9 и вклучена tessellation EXTREME на DX11. Резултатите се следни:

Cinebench

Последниот тест е Cinebench од кој се гледа FPS на OpenGL.

Сите тестови батеријата ги издржа без да треба да полни. Околу 1:45мин. е одлично време.

Заклучок

Ако за некој Ultrabook се каже дека е најдобро вложени пари, тоа секако е ASUS UX31A. Уред наменет пред се за бизнис корисници на кои мобилноста и парактичноста им се најважни. UX31A на сите наши форсирања возврати достоинствено и се покажа дека е она што всушност е ултрабук со многу добри перформанси. Ultrabook со квалтетен мат IPS панел FullHD со 1080p резолуција, убав контраст на бои и широ агол на гледање, со ултра тенко алуминиумско куќиште и одлична изведба на тастатура со право го носи епитетот прв ултрабук во кој е сето ова вградено.

Со намалувањето на цената на уредот ќе се добие само повеќе корисници, а нема ништо да се изгуби.

Позитивно

  • Совршено решение со додатоците RJ45 и D-sub.
  • Прекрасна изведба на квалитет и елеганција.
  • Одличен дисплеј: IPS со способност за автоматско прилагодување на позадинско светло.
  • Звучник со задоволителне квалитет.
  • Добри перформанси.
  • Батерија која држи и до 8 часа.
  • Интернационална гаранција и гаранција на батерија: 1год.

Негативно

  • Можеби 4 GB меморија за по-пребирливи корисници е малку.
  • Алумининскиот завршеток е осетлив на отпечатоци (па затоа ќе мора да си носите со вас микрофибер крпче за постојано да сјае).

Голема благодарност до СЕТ компјутери кои ни го отстапија проиводот на тестирање, а воедно се и овластени увозници за ASUS производите.

2 коментари на “Прв поглед на ASUS Zenbook Prime UX31A

  1. E ova e veke dobar post!! Bravo za Kalco!! Neznam dali coek od Asus bi napisal tolku dobra recenzija za nivniot produkt :)

    Super e! Sliki, fakti, pros/cons i slicno, bravo za avtorot :) E sega dali se isplaka da se pisat vaka dolgi statii, to e drugo..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии