Прв поглед на Archos 7 и 10.1-инчен таблет компјутер

И двете верзии на таблетот имаат 1 GHz ARM Cortex A8 процесор, 256 MB RAM. Седум-инчниот уред има 8 GB меморија + oпција за micro SD слот, додека 10.1-инчниот има 16 GB со micro SD слот. И двата модели имаат USB 2.0 и microUSB портови од иста страна со копчињата за вклучување, звук и микрофон кај 101 моделот, додека кај 70 се поставени на две страни. Имаат предна VGA веб камера за видео разговори која не е баш нешто посебно. Интернет поврзувањето е преку Wi-Fi. Батеријата им е одлична, може да се гледа видео барем 2-3 часа без проблем, а активното користиње е над 8 часа.

Тоа што е интересно кај двата модела е што се хоризонтално поставени, односно се широк 16:9 екран со резолуција од 1024 x 600 за 10.1-инчниот модел, односно 800 x 480 за 7-инчниот модел. Ова ги прави уредите одлични за гледање видео, посебно бидејќи имаат поддршка за HD 720p видео и поддржуваат куп видео формати: AVI, MP4, MKV, MOV, WMV, MPG, PS, TS, VOB, FLV, RM, RMVB, ASF, 3GP… Доколку би избирал, би го одбрал 7-инчниот модел бидејќи неговата резолуција одговара на големината и сликата е одлична. Мал проблем кај двата Archos модели е што екранот дава многу рефлексија, скоро како огледало се екраните кога се изгасени, па затоа мора да се наместат под прав агол кога се гледа видео. Тоа што е корисно решение е што самите таблет уреди од позади имаат потпирач за да стојат исправени. Како второ решение, имаат и и miniHDMI излез за врзување на таблетот со големите екрани.


Свртени вертикално стануваат интересни за читање вести и книги. Самиот таблет доаѓа со апликација за светски весници и Aldiko, апликација која е дигитална библиотека. За жал во вертикалната позиција не функционира потпирачок кој останува хоризонтален, но сепак има чувство како да држите книга.


Најголемата мана на Archos е што нема Android Market, туку своја AppsLib продавница за апликации која има само мал дел од скоро 200.000 Android апликации. Пример, не ја дава Поправи.мк и уште некои .мк апликации, иако Angry Birds е тука и прва за симнување :).


Секако постои можност да се инсталира Andoroid Маrket, но ќе треба малку да се потрудите и да го најдете правото од мноштвото решенија на Google. Од нив најспоменуваното е ова решение, иако не успеав да го инсталирам Android Market со него. Може да користите Android Маркет преку десктоп компјутер за симнување и инсталирање апликации, иако тоа не е којзнае колку супер решение бидејќи сепак се работи за мобилен уред.

Заклучок:

За видео и читање Archos 70 и 101 ќе можат да ги исполнат корисничките желби, но проблемот е што работат на Android 2.2 и немаат Android Market, што не дека е недостапно, туку бара понапреден Android корисник да го искористи целиот потенцијал на Archos таблетите.

(рецензијава е во соработка со Anhoch. Повеќе информации за Archos 70 и Archos 101 ќе најдете на нивната веб продавница)

2 коментари на “Прв поглед на Archos 7 и 10.1-инчен таблет компјутер

  1. Nw go biva jas go testirav, 10.1 instalirav android market ne e toa samo ndesostatok, posle nekolku aplikacii ke si imate problemi so memorija, isto ne idi so preinstaliran flash player no najgolemiot problem e bavniot procesor koci na gledanje na flash videa, nema poddrska za firefox, i red drugo da ne redam, svetlosni godini se zad ipad

  2. 7 инчен таблет според мене е нон-сенс, а не таблет.

    10.1 инчниов би бил океј кога би бил дупло поефтин, затоа што за +50 евра од цената по која се продава во Анхоч може да се купи iPad (кец) во продавниците низ Скопје – што е далеку подобар и пологичен избор. Башка, стара верзија на Android, недостаток од Android Market и ограничен број достапни апликации… за 20.000 денари не проаѓа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии