Прв поглед на 5-инчниот LDK N920e

(Ова е гостинска рецензија на Olikomerc како што е познат на форумот на It.com.mk. За дискусија, други детали, повеќе слики и прашања, повелете на форумот.)

Во оваа рецензија одблиску ќе се запознаеме со еден од многуте нови модели на паметни телефони кои ни доаѓаат од Кина, и кои се повеќе и повеќе изненадуваат како со своите можности и перформанси, така и со хардверот. Веќе не се оние кинески копии кои излегоа на пазарот пред околу 5-6 години за по 50-ина евра, и на кои не работеше ништо како што треба, туку станува збор за доста солидни телефони, со приближни перформанси на моќните модели на HTC, Samsung, LG и други, па така очекувајте и нешто повисоки цени. Поточно, овдека ќе се потрудам што е можно поопширно и реално да го опишам следниов модел LDK или Star N920eкој би требало да е копија на HTC Butterfly.

Спецификации

  • Дисплеј: 5.0″ HD IPS 1280 x 720 pixels, Capacitive Touch
  • SIM: Dual SIM Dual standby
  • Мрежа: WCDMA 2100/1900/850 (HSDPA 3G) and GSM 850/900/1800/1900
  • Процесор: MT6589, Cortex A7 1.2GHz Quad-core high-speed processing platform
  • Графика: PowerVR SGX544
  • RAM: 1 GB
  • Меморија: 4 GB вградена и поддршка за MicroSD картичка до 32GB
  • Друго: Bluetooth: 2.0 +EDR, Wireless AP (Mobile AP), WIFI, FM Radio, GPS+AGPS Navigator, G-Sensor
  • Камера: Back 8 Mpix AF and Front 3 Mpix, flash light
  • Оперативен систем: Android 4.2 Jelly Bean
  • Батерија: 1800mAh
  • Тежина: 218g
  • Пропорции: 160×82,5×9,7cm
  • Цена: ~14.000 денари.

Пакување

Комплетот вклучува телефон, силиконска футрола, две батерии, полнач, слушалки, усб кабел, кратко упатство на македонски јазик. На прв поглед кога го отпакував се изненадив. Телефонот на изглед е ептен добар, а исто така и изработката. Тоа што е во бела варијанта го прави елегантен. Изработен е од квалитетна тврда пластика, и задниот капак е ептен јако прицврстен, го отварав 5 минути за да не оштетам нешто, за да му ставам SIM картичка и да го уклучам. Инаку, заради големиот 5 инчен дисплеј делува доста гломазно во рака и треба да се работи со двете раце.

На предната страна долу се стандард 3-те копчиња, средното Home копче и другите две функциски и сите се на допир. Кога се притискаат светат во нежна портокалова боја. Горе десно е предната камера која перфектно работи во Skype видео повици, која кај други бренд телефони се случувало да не проработи, т.е. Skype да не ја препознава.

Од левата страна се копчињата за јачина на звук, а од десната страна копчето за вклучување и исклучување. Од горната страна има 3,5 мм приклучок за слушалките, а од долната страна е USB и приклучокот за полнење.

Еве и некои споредби со друг поголем 5,7 инчен модел и со ZTE Blade 3 Pro, како и со други мобилни телефони за да имате претстава за неговата големина.

Да напишам и неколку реченици околу неговото користење и функционалност. Тачот работи одлично, дури и при најмало нежен допир реагира, нема сецкање, нема кочење. А и не би смеело да има со оглед на процесорот со 4 јадра. Високата HD резолуција од 1280×720 пиксели и IPS дисплејот овозможуваат перфектен приказ на текст, фотографии и видеа. Нема проблеми при работење на јака дневна светлина, а секако може да се зголеми и светлоста, така да мобилниот просто зрачи со неговиот голем екран.

При телефонирање не наидов на никакви проблеми, се си работи како што треба, има одличен прием, и одлично се слуша соговорникот, а и од другата страна добив неколку позитивни критики дека звукот бил одличен. Мора да го пофалам и WiFi сигналот кој кога го вклучив кај мене во населба ми најде еден куп мрежи, а истите се на поголема оддлаченост од мене на околу 100-150 метри и тоа со обичните Speedport рутери на Tелеком без некои надворешни антени. Исто и од мојот рутер се имав оддалечено на 100-ина метри и фати без проблем 2 цртки и работеше брзо. Веб сајтовите ги отвара и вчитува инстантно без чекање, слики и анимации прикажува одлично без сецкања, исто така и видеата на Youtube.

Симнав десетици апликации од Play Store и сите работеа перфектно. И во поглед на системски подесувања располага со сите опции како на пример едноставно вклучување или исклучување на Data Transfer од SIM картичката (т.е. да не ви троши мобилен интернет), потоа детален преглед на потрошен сообраќај (било мобилен или преку WiFi), и нормалните нагодувања за приказ на позадини, теми, мелодии, и разни други персонални подесувања. Околку јачина на звукот, си има одличен звук не е претерано јак.

За камерата, исто така вади солидни слики, на дневна светлина и во простории со сенка, додека во ноќни услови е малку послаб.

Тестирање

Подолу е бенчмарк со AnTuTu и споредба на резултатот со други телефони:

Благодарност до Anhoch за отстапениот модел за тестирање

13 коментари на “Прв поглед на 5-инчниот LDK N920e

  1. Jas go imam N920e (http://anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3017&pid=35386) i sega zasega super raboti. Dosega imav Samsung Galaxy SII, taka shto mnoogu golema razlika pravi 4-jadreniot procesor i . Bidejkji generalno se dvizham na isti mesta (zatvoreni prostorii) zabelezhav deka pochesto se prikluchuva na 3G mrezhata na ONE (se pojavuva H) otkolku na SII i podobar priem ima na WiFi signal. Ekranot e mnogu dobar i dosta svetol so silen kontrast. Videata super gi reproducira. Bez problem raboti so dva SIM-a i so 16Gb SD-kartichka. Edinstvena zabeleshka mi e shto imam problemi so povrzuvanje so Win8 zaradi prefrlanje na muzka, fajlovi i sl. So intenzivno koristenje na web baterijata mi drzhi cel den, a prilichno brgu se polni. Inaku imam bela varijanta i ja nema standardnata futrola, a belata silikonska zashtitna futrola ne ja staviv zashto ja iskombinirale so rozeva boja pa nekako 'vrishti' :).

  2. Pred 2 nedeli go kupiv telefonov.Imav problemi so memoriskata koja ne ja prepoznavase I so baterijata.Baterijata ne se polnese postojano , ke pocne da se polni I se isklucuva,kazuvase deka polnacot me e priklucen.Go odnesov vo Anhoch servisot I mi go zamenija so nov ,kazaa deka e rasipan,deka polnacot nema Kontakt so baterijata.Denes go zemav noviot I go imam istiot problem so baterijata.Dali nekoj moze da mi pomogne so nekoja informacija ? Telefonot e 2gb ram Quad Core 1.5ghz, 13mp nazad, 5mp napred. 5″

  3. Читам најразлични коментари за телефонот и за брендов и не можам да донесам одлука. Има ли уште некој што го има купено да даде коментар? Не очекувам премногу за тие пари, но најбитно од се е да ми функционира интернетот (и бежичен и ГПС), за да можам да го користам за работа и за комуникација (скајп, вибер, и слично). За камерата не ми е битно, туку оперативноста на телефонот.
    фала

  4. Sea gledam na stranata na anhoch istiov telefon ama so procesor 1.5 I ram 2 g a koga go vidov telefonot e pak so 1.2 procesor.dali im e nekoja fora ova na ovie od anhoch? Dali e nekoj zapoznaen so ova?

    1. Не, јас го земав тој, ако мислиме за истиот. 2гб Рам. Quad Core 1.5ghz, 13mp назад, 5mp напред. 5"

      Се си е во ред со телефонот, само едино што се каам е што земав бел. Неможам никаде да најдам оригинална маска како за црниот телефон, ако некој има информација нека пише.

  5. После месец и пол конечно се оттарасив од телефонов и земав S4-ка мој совет е бегај од ова кинеско…имав 100 проблеми со него, побитни се:
    1.Се исклучува со полна батерија
    2.Екранот добива темна флека во средина (на сите 3 телефони што ги добив)
    3.3G то не работи како со треба се исклучува се уклучува па не превзема не праќа податоци
    4.Wi-Fi то има проблем со префрлање од 3G на Wi-Fi односно не се поврзува од едно на друго и обратно…
    5.Батеријата трае најмногу 10 часа
    6.Се полни 5 саати
    7.Доколку сурфаш подолго од 15 мин се вжештува не се држи у рака
    8.Не препознава мемориска картица(кога препознава кога не)
    9.Се исклучува на сред зборење
    10.Тежок е неможе да се глеа видео подолго од 5 мин ке те боли раката
    …. има уште најмалку 20 проблеми овие се побитните.
    Позитивна работа е што андроидот работи добро и без лагови, камерата е ок иако не е на ниво на камера со 13 МП

    П.С.
    Инче да не искочи дека сум против увозникот со нив се беше во најдобар ред како и со гаранција и други услови, 3 пати ми сменија нов уред и четвртиот пат се решија да ми ги вратат парите.

  6. Izgleda GPS funkcijata ima golemo otstapuvanje i so toa e beskorisna (spored eden Germanski forum) ,isto i povrzuvanjeto so PC(Win 7/XP).
    NAJGOLEMA MANA E: NEMA OFICIJALNA STRANA NA PROIZVODITELOT OD KADE BI SE PREVZEMALE UPDATEI I DRIVERI.
    SITE OVIE RABOTI SE "PRESKOKNATI" VO RECENZIJATA (SLUCAJNO ILI NAMERNO) !!!

  7. Телефонот е одличен го користам веќе 10-тина дена и може да се каже дека вреди за парите, меѓутоа во текот на овие 10 дена имам еден чуден проблем односно кога ќе се логира на бежичната мрежа на работа се гаси сам од себе(мора да се извади батеријата и повторно да се врати ). Е сеа што може да е проблем и дали безжичната мрежа е воопшто проблемот незнам друго се функционира перфектно без лаг без коченње…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии