Прв освоен турнир за Digital Chaos и Сакса во 2017

Тимот на Digital Chaos, во кој членува и најдобриот македонски е-спорт играч Мартин Саздов – Сакса е победник на првиот LAN турнир во Dota 2 во 2017. ESL One Genting 2017 се одржа во Arena of Stars во Гентинг во Малезија.

Во споредба со неколку од претходните турнири, 250.000 американски долари од наградниот фонд во Малезија изгледаат минимално. Сепак најголемите Dota2 тимови беа присутни на настанот, а истите очекувано влегоа и во полуфиналните натпревари. Newbee, Wings Gaming, Virtus.pro и Digital Chaos беа дел од финалето.

Тимот Digital Chaos ја започна 2017 на најдобар можен начин. Мартин Саздов последнава година е главна причина за радост поради спортски успеси, иако квалификувањето на е-спорт како спорт се уште е контраверзна тема на дискусија. Дополнително во 2017 не израдува и македонската репрезентација во Magic the Gathering која го достигна својот најголем успех.

Се надеваме дека интересот на гледачите за е-спортот, за кој објективно причина е успехот на Сакса ќе помогне за етаблирање на е-спортот и во Македонија. Како илустрација српскиот спортски канал SportKlub на крајот на 2016 ја пренесуваше српската League of Legends лига.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии