Проверете ја популарноста на англиските зборови со Google Ngram Viewer

Секојдневно сме бомбандирани со англискиот јазик, во една или друга (мултимедијална) форма. Но, дали некој збор или фраза ви оставила огромен впечаток и сте се запрашале кога е првпат употребена, кога почнала широко да се употребува или кога се исфрлила од (секојдневна) употреба?

Google Ngram Viewer го дава одговорот на ова и на многу слични прашања преку корисни прегледи во форма на графикони. На следниот сајт можете да пребарувате термини низ изданија кои биле печатени уште од 1500 година.

По извршените пребарувања, ќе можете да видите во кои периоди одреден збор, односно фраза биле често употребувани. За исполнување на таквата цел, се црпе од датабаза со над пет милиони книги кои биле издавани сè до 2008 година. Од она што ќе биде ископано, можете да направите подетални прегледи така што ќе пристапите и кон книгите во кои биле употребени (Google Books).

Како што кажавме, со Ngram Viewer можете и да добиете увид и во популарноста на неколку зборови и фрази низ вековите. За такво нешто, потребно е да ги напишете во полето за пребарување, а да ги одделите со запирка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии