Проверете ја новата верзија на Outlook.com

Веќе некое време како Outlook.com има бета верзија која не само што е визуелно попривлечна туку и располага со пофункционален и проширен интерфејс од можности. За да ја проверете бета верзијата потребно е /owа/ од линкот outlook.live.com/owa/ да го замените со /mail/, да кликнете  на копчето во десниот, горен агол, Try the Beta или тука!

Новиот изглед значително потсетува на истоимената апликација за Windows 10, a проширените и новите функции преку бета сајтот ви дозволуваат побрзо пребарување преку новата лента за пребарување, но и инстантна прикажување на фајлови и фотографии од десната страна на разговорите. Оние кои чувствуваат потреба да ги надополнуваат мејловите со визуелни обележја ќе бидат почестени со значително поедноставен пристап до колекција од emoji и GIF-ови.

Сликите кои ги испраќате или добивате се сочувуваат на едно место, а за подобра персонализација, одврзани ви се рацете и при поефикасно барање пријатели и други лица. Quick Suggestions е новата услуга која детектира одредени клучни зборови, како имиња на кошаркарски клубови, летови или ресторани и ви нуди линкови со информација за нив. Подоцна, се очекуваат и надополнувања во одделите Calendar и People, нешто што ќе биде имплементирано според повратните информации кои ќе ги добие Microsoft од самите корисници.

Во моментот, компанијата никако не го форсира новиот изглед со проширена функционалност, и, во случај да не ви се допаѓаа изведбата на Outlook.com бета, потребно е да го направите спротивното од горните чекори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии