Проверете ја Hitman 2 бесплатно

Мартин Јованчевски

во гејминг

Серијалот Hitman, особено последните две игри, бележат огромни успеси за студиото Io Interactive. Hitman 2 излезе во ноември минатата година и, иако успеа да ги освои критичарите и да произлезе со metascore оценка од 82 поени, бројот на играчи се чини дека се намалува. Во ноември, скоро 6000 играчи ја играа во кое било време, а во декември, бројката порасна на нешто повеќе од 11 000 играчи. Во јануари, меѓутоа, бројката на играчки се сведе на 2 680, а во последните триесетина дена – на 1 828. Претпоставуваме дека io Interactive не сака да дозволи играта да биде голтната од заборавот уште во првата половина на првата година.

HITMAN 2 – Starter Pack е резултат од таквата желба.

Првата локација во Hitman 2 е бесплатна за сите. Почетокот на играта ви доволува да ги посетите плажите на заливот Хок, во Нов Зеланд, и да го ликвидирате проблематичниот Shadow клиент. Добивате целосен пристап до кампањата Nightcall. Тоа значи дека нема да наидете на никакви рестрикции во поглед на бројните предизвици, како и отклучување работи, пленови, нови локации за почнување на мисијата, како и оружја чија употреба значително влијае на нелинеарноста на кампањата. На располагање ги имате и двете, значително потешки нивоа. Professional и Master се замислени да понудат значително поголеми предизвици, откако, се разбира, ќе поминете низ кампањата на нормална тежина.

Бесплатниот пакет е достапен на PS4, Xbox One и PC. Ако решите да ја купите целата игра, целиот напредок од бесплатниот пакет автоматски ќе биде префрлен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии