Проверете го здравјето на вашиот телефон со Phone Doctor Plus

Има нешто интересно во откривање тајни поврзани со вашиот телефон, а Phone Doctor Plus не сака ништо повеќе отколку да ви ги сервира сите нив од едно појдовно место.

Phone Doctor Plus е апликација која ви помага да откриете потенцијални проблеми со вашиот телефон така што тестира над 30 парчиња хардвер, односно сензори. Процедурата од таквото нешто е автоматизирана, а резултатите се прикажани на едноставен и лесно-разбирлив начин.

 

Целосно лишен од иритирачки реклами, Phone Doctor Plus ќе може да ги воспостави стандардните проверки, како моментната состојба на батеријата, меморијата и слободниот простор, но се осмелува и да оди неколку чекори понапред и да ја оцени респонсивноста на екранот, перформансите на камерата, како и дали вашите слушалки работат онака како што производителот замислил.

Phone Doctor Plus e преземен скоро 30 000 на Google Play пати и ужива исклучително позитивни рецензии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии