Проверете го здравјето на вашиот хард диск со CheckDrive

(Надворешните) хард дискови се повеќе од одлични за складирање на нашите драгоцени мултимедијални податоци, но, како поминува времето, така се зголемува и нашиот страв дека дискот би можел да откаже. Во такви ситуации, потребно е да се погрижиме дека нашите највредни работи се складирани, или на некој друг Хард диск, или на облак. Но, со програми како CheckDrive, можеме да пристапиме кон скриени дијагностички податоци, подобро да се запознаеме со вистинската здравствена состојба на Хард дискот и да пробаме да дознаеме дали работите би можеле да појдат наопаку.

Откако ќе ја преземете бесплатната верзија на Check Drive од тука, потребно е да го инсталирате и активирате софтверот преку внесување на вашето име и и-мејл адреса. Наредниот чекор ви дава увид во вашите драјвови и ви дозволува да ја направите првата, почетна проверка преку кликнување на копчето Check. Пред да почне скенирањето имате опција да одберете детална или стандардна проверка. Нашиот совет, особено доколку имате лошо претчувство за Хард дискот, е да одите со деталната проверка, односно да кликнете yes на ново отворениот прозорец Check Mode. Таквата постапка ќе го рестартира компјутерот и ќе направи проверки пред покренувањето на Windows оперативниот систем. Враќајќи се на горниот прозорец, кликнување на опцијата No, започнува стандарден процес на проверка кој, обично, е значително побрз од деталниот.

По завршеното скенирање, добивате извештај сервиран низ неколку јазичиња. Drive Information ви кажува за каков Хард диск се работи, кој модел и која големина, како е форматиран, дали има партиции и колку е просторно искористен.  За да дојдете до поважниот и подеталниот оддел, Heathdata, кликнете на Diagnosis линкот кој се наоѓа под First Impressions. Тука, ќе видите дали имате проблеми со Хард дискот во три, клучни области. За подетален увид, кликнувате на соодветните копчиња More data.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии