Luminar е првенствено Mac алатка за напредна работа со фотографии, која највеќе се истакнува со „првиот AI-напојуван филтер“ за фотографии. Од пред некое време, и Windows корисниците ја добија можноста да го проверат Luminar и уникатните можности со кои алатката располага.

Luminar за Windows се испорачува како бета верзија, а во внатрешноста ги крие повеќето опции кои би можеле да ги најдете во целосната Mac верзија. Па така, на располагање го имате корисничкиот интерфејс кој се прилагодува на вашето ниво на вештина и поставки, филтрите за фотографии кои се потпомогнати од вештачката интелигенција, над 50 претходно одредени филтри и автоматска имплементација на претходно одредени поставки со еден клик. На располагање го имате и конверторот на фајлови кои се во .raw форматот.

Во ваква состојба, Luminar Beta е бесплатен за користење, но таквото нешто би можело да се смени откако алатката ќе се приближи кон финалната верзија и стадиумот за масовна дистрибуција. За да можете да го проверите софтверот, потребно е да ја оставите вашата и-мејл адреса и да го искористите добиениот код за активација по преземањето и инсталирањето на апликацијата.

Во случај да барате корисни алтернативи на Luminar, претпоставуваме дека не е потребно посебно претставување на крајно комплексниот Adobe Photoshop или бесплатниот Голијат – GIMP! Дополнително по играјте се и со Pixlr, Affinity Photo, Pixelmator или Photoscape!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии