Провајдерите не треба да блокираат сајтови, вели германски суд

Иако во многу европски земји судовите одобруваат блокирање на нелегални сајтови, судот од Келн, Германија, пресуди дека не смее да се врши притисок врз провајдерите.

Според весникот Del Spiegel, судот од Келн одлучи дека Deutsche Telekom треба да продолжи да обезбедува пристап до онлајн сајтовите за обложување, иако тие се забранети во земјата.

Главниот аргумент за одлуката доаѓа од интернет провајдерите кои велат дека тие не се одговорни за содржина на сајтовите, дека тие се само провајдери на сервис.

Ова е доста интересна одлука на германскиот суд, бидејќи низ многу европски земји властите се фокусирани кон блокирање на нелегалните сајтови, поточно пиратските сајтови. Неодамна во Финска, на два провајдери им беше наредено да го блокираат пристапот до торент сајтот Pirate Bay. Истото се случи и во Холандија, каде судот им нареди на провајдерите да го блокираат пиратскиот сајт.

Но, се работи са сајтови за онлајн обложување кои се всушност легални. Во Германија обложувањето може да се прави само преку компании кои се во сопственост на државата. Германија го забрани онлајн обложувањето уште во 2008-ма година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии