Протекоа слики од Samsung Galaxy S9

Дејан Соколоски

во Вести, Мобилни

Се појавија нови слики на Samsung Galaxy S9. Со оглед на изворот, се чини дека и официјално ова ќе биде изгледот на уредот. Дополнително, еден од интересните, ново откриени податоци е дека телефонот ќе биде претставен во проширена реалност.

Извор на новите фотографии е апликацијата за Mobile World Congress од Samsung, Unpacked 2018. На CES во Лас Вегас, беше официјално објавено дека Galaxy ќе биде претставен на Mobile World Congress во Барселона.

Апликацијата е наменета за регистрираните и поканетите корисници, но може да ја користат и луѓе кои сакаатт да го следат насттанот во живо. „Копајќи“ по апликацијата, Reddit корисникот ги откри сликите од телефоните наменети за проширената реалност.

Веста заедно со сликите прв ја објави сајтот XDA Developers. Повеќе официјални податоци за настанот ќе има наскоро.

1 коментар на “Протекоа слики од Samsung Galaxy S9

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии