Протекоа првите бенчмарк тестови на AMD Zen

Помина долго време откако десктоп ентузијастите можеа да бидат возбудени за процесорите на AMD. Се чини дека чекањето заврши, а првиот бенчмарк тест покажува дека AMD Zen е многу помоќен од претходникот Piledriver.

Првиот и засега единствен тест, доаѓа од видеоиграта Ashes of Singularity и покажува дека процесорот е 1.38 пати побрз од претходникот FX-8350.

Иако и со новиот процесор AMD како бренд останува зад Intel, по подолго време, процесор на AMD има подобри перформанси од Intel. Тестот покажува дека Zen е побрз од i5-4670K. Дополнително кога ќе излезе во продажба Zen ќе биде најбрзиот процесот кој излегол од AMD во последните 5 години, според Extremetech.

Тестовите се направени со RX 480 графички картички, а она што е забележително е пониската работна фреквенција на Zen ES. Дури и при фреквенција од 2.8 GHz Зен е побрз од Intel Core i5 4670K, кој е со работна фреквенција од 3.4 GHz. Процесорот е 38 отсто побрз од AMD-FX-8350 и 10 отсто побрз од i5 4670К, вели Wccftech.

Image courtesy of WCCFTech

Image courtesy of WCCFTech

За жал бенчмарк тестовите оставаат повеќе од доволно простор за сомничавост. За почеток станува збор за тест на видео игра, кои често не се доволен „предизвик“ за процесорите. Дополнително станува збор за прототип на процесор, но и за еден, единствен тест.

AMD FX Zen 8-core е најавен за октомври, па без сомневање наскоро може да очекуваме повеќе информации и потврда на резултатите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии