„Протекоа“ податоци за новиот Dell XPS 13 2-во-1

Дејан Соколоски

во Хардвер

Дел го претстави новиот XPS 13 се чини без воопшто да има намера да го направи ова. Чилеанската гранка на компанијата се пофали со новиот иновативен изглед на XPS 13, пренесе Tom’s Hardware.

Лаптопот на Dell и досега беше еден од најубавите, а секако и најдобри Windows лаптопи. Новиот хибриден 2-во-1 уред доаѓа со 8 генерација Intel Y процесор. Секако има неколку модели со повеќе различни процесори, а основните модели доаѓаат и со претходната 7 генерација.

Според листата на сајтот на Dell моделот доаѓа со: Intel Core i5-7Y54, Intel Core i7-7Y75, Intel Core i5-7Y57, Intel Core i5-8200Y и Intel Core i7-8500Y. Последните два процесори се оние од последната, осма генерација.

Најверојатно она што најлесно се забележува, а и најубавиот дел од уредот е супер-тенката рамка околу дисплејот. InfinityEdge технологијата на Dell не се користи прв пат и во досегашните модели изгледаше навистина фантастично.

Повеќе и точни податоци очекуваме наскоро. Секако  XPS останува еден од најдобрите Windows 10 уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии