Протече изворниот код на Windows XP

Дејан Соколоски

во Вести

Изворниот код на Windows XP е објавен на неколку локации. 4chan, торенти и мега фајлови се дел од споделувањето на кодот. Повеќе експерти ја потврдија оригиналноста на фајловите, а Microsoft истражува од каде е „излезен“ кодот.

Оригиналниот фајл е „тежок“ 43 GB, но споделен е и помал фајл од 3GB, јави Gizmodo. Разликата во големините е едноставна за објаснување. Огромниот фајл доаѓа со куп непотребни фајлови: докази за интелектуална сопственост, видеа, филмови… Дел од видета споделени со остатокот на код се и „документарниот“ филм „Bill Gates’ Plan to Vaccinate the World“ и „The Code: The Story of Linux“.

Објавувањето на кодот може да предизвика посериозен проблем за некои корисници. XP е присутен кај 1 отсто од Windows системите, но има и поголем проблем. Дел од банкоматите користат XP, па сорс кодот ќе биде интересен за напаѓачите.

Ако има некоја добра вест тоа е дека кодот ќе им биде достапен и на ентузијастите и хобистите кои ќе можат да го користат за подобрување и развој на своите проекти.

Прегледите на кодот веќе носат нови интересни вести. Истражувачите пронајдоа скриена тема во оперативниот систем која прави Windows XP да изгледа како OS X. „Candy“ наликува на Aqua Interface од Apple. Оваа тема никогаш не стигнала во официјалната верзија на оперативниот систем, вели Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии