Прославете го светскиот ден на друштвени игри

Оваа сабота е меѓународниот ден на друштвени игри. По овој повод Гоблин друштвени игри и Boardgames.mk организираат заедничко играње. Покрај игрите кои може да ги донесете, организаторите ги повикуваат сите кои имаат самите креирани игра да дојдат и да ја презентираат пред публика.

Досегашните настани беа одлично место за играње на друштвени игри, но поважно и за разговор и дружење. Ако немате игра или ако сакате да пробате некоја игра која не сте ја играле, секогаш има маси на кои ќе бидете добредојдени.

Оваа година настанот ќе се одржи во дворот на ФИНКИ и Машински факултет, поточно во барака 2 и барака 3. Настанот е закажан за сабота 28. 04, а почнува од 10 часот.

Настанот е спонзориран од  Гоблин друштвени игри, Archona Games (Аркона Гејмс) i Final Frontier Games (Фајн Фронтир Гејмс). Поддршка за настанот преку изнајмување простор покажаа и Машински факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии