Прославете го денот на љубовта и виното со овие интересни мобилни апликации

Можеби малкумина од вас ќе признаат дека на 14-ти февруари и посветуваат поголемо внимание на саканата личност, а воедно го празнуваат и денот на виното. Сепак на крај ваш избор е дали ќе одлучите на овој ден да направите нешто надвор од вообичаеното во чест на спротивниот пол или ќе го поминете како и секој друг ден во годината.

Во потрага по интересни апликации посветени на љубовта и виното, наидов на неколку кои го задржаа моето внимание и се надевам дека некои од нив ќе ги најдете како доста корисни.

  • Hello Vino е апликација достапна за Android и iPhone, и како веб апликација за BlackBerry и Windows Phone, која ќе ви помогне во изборот на вино и ќе ви даде совет за која сорта вино оди со кој вид на храна, препорака на вино за одредена прилика, предлог на вино според вашиот вкус, итн. Оваа прилично популарна и бесплатна апликација нуди опција да го споделите вашето омилено вино со друштвените мрежи Facebook и Twitter.
[youtube]eFm5XS1ygOs[/youtube]

  • Wine DJ е одлична iPhone апликација која ви креира плејлиста (преку Grooveshark) според тоа какво вино пиете и каков е амбиентот во кој се наоѓате.
  • Valentine’s Photo Heart е апликација за креирање „живи“ позадини за вашиот Android телефон, со врамување на сликите од вашите сакани, миленици или пријатели.
[youtube]zc-do9ar5oc[/youtube]

  • Love Postcards нуди галерија со голем избор на позадини, на кои можете да додадете лична порака и да ја испратите како разгледница преку MMS или е-пошта. Аликацијава е наменета за Android, а соодветна замена за iPhone корисниците е Valentine’s day cards.
  • Say “I Love You” In 40+ Languages – насловот кажува сè. Апликацијава ќе ви послужи да научите да ги пишувате и изговарате правилно овие зборови на повеќе од 40 светски јазици вклучувајќи го и знаковниот јазик.
  • Valentine’s Weight Loss е виџет за кој претходно треба да го имате инсталирано Cardio Trainer. Рангирана е како навистина мотивирачка апликација, која ќе ви помогне да ги изгубите надодадените килограми од чоколадните бомбони добиени за денот на вљубените.
  • Tom’s Love Letters – Се сеќавате на Talking Tom? Ова е уште една апликација од серијата апликации на мачорот Том, која е посветена на заљубените и нуди опција за креирање и испраќање на разгледници преку MMS, имејл или вашата омилена друштвена мрежа.

  • Bubble Blast Valentine е верзија на играта Bubble Blast, која е креирана за денот на вљубените. Играта е прилично едноставна, нуди повеќе од 4.000 нивоа и во моментот е навистина популарна.
  • 500+ Chocolate Recipes e aпликација за iPhone и Android која ќе ви даде листа од рецепти за како креативно да направите чоколадни колачиња.
Среќен Валентин! Среќен Св. Трифун!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии