Проширувањата и додатоците за Mafia III станаа бесплатни

Mafia III, како што на времето напишавме во нашата рецензија, навистина не е лоша игра. Двете експанзии кои излегоа за неа, заедно со уште еден додаток, дополнително се потрудија да го продолжат вашиот престој во овој универзум. Основната игра беше дел од пакетот на Humble Bundle, но и гостуваше во Playstation Plus, така да, доколку успеавте да зграпчите копија, би можеле пријатно да бидете изненадени што сите додатоци сега се бесплатни.

Се работи за проширувањата The Stones Unturned и Sign of the Times, како и додатокот Faster, Baby!, и уште два други додатоци. Навистина вреди да ги проверите овие содржини, највеќе поради можностите за дополнителна приказна.

Ваквиот потег се чини дека е направен во чест на излегувањето на Mafia III: Definitive Edition, римастерот за Mafia II, како и најавата за целосен римејк на првата Mafia игра, за PC, но и за конзолите.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии