Проширената реалност речиси и да не постои, а Facebook веќе тестира реклами

Секако никого не треба да изненади дека Facebook сака да заработи од проширената реалност. Компанијата има значителни инвестиции во развојот на проширената реалност и тоа не само во апликации и софтвер. Facebook преку Oculus има и значителни инвестиции во хардверот.

За почеток рекламите ќе бидат достапни за помала група брендови. Дел од можностите секако ќе бидат вметнување на аватарите во рекламите, или пробување на некои производи во проширената реалност.

Ова веќе беше достапно во Messenger, но сега е достапно и директно во фидот, јави TechCrunch. Рекламата која ја видовме овозможува прикажување на очила на ликот на купувачот и тоа со едноставна промена и различни бои на стаклата.

Сепак изгледа дека заработката од реклами од проширената реалност е далеку. Главна причина е што технологијата е на зачеток и сè уште нема доволно корисници, а Facebook веќе ја оптоварува со здодевни содржини.

Рекламите во проширената реалност може да се позабавни од останатите платформи, но секако не се посакувана содржина.