Проширената реалност никогаш не изгледала подобро од демото на Microsoft HoloLens

Microsoft на Build конференцијата најави дека очилата со проширена реалност HoloLens ќе бидат дел од Windows 10, и ќе овозможат персонализација на оперативниот систем во просторот во кој се наоѓате. Фантастичната презентација не само што ги претстави можностите на HoloLens толку и едноставноста со која може да се додаваат нови апликации холограми насекаде во домот или просторот во кој се наоѓаат корисниците. Тоа што може да се види на видеото е дека апликациите се „закотвени“ на површините, и кога технологијата ќе биде достапна ќе можете да го земете телевизорот насекаде со вас.

Што се однесува до продуктивноста, HoloLens и Windows Holographics овозможуваат презентирање на сите потребни податоци токму каде што се најпотребни. Целокупната статистика и параметри за управување со роботот доаѓаат токму на виртуелни дисплеи поставени на него. Дополнително олеснување: нема никаква потреба роботот да ја анализира просторијата во која се наоѓа бидејќи сите податоци доаѓаат директно од Windows Holographic.

Сето ова не само што овзможува потполна персонализација на домот и работниот простор, туку и командите се интуитивни, конторлните панели се отвораат со гласовни компанди или со притискање кое наликува на контролирање на екран на допир, екраните се закотвуваат со нивни допирање на површините, а на презентациите може да се увериме дека HoloLens овозможва прилично либерално шетање во околината без жици или дополнителни специјални уреди.

Microsoft го најави HoloLens во јануари и тогаш изгледаше дека е дел од експериментална технологија, која би можела да биде достапна во иднина. Сега компанијата најавува дека Holo Lens и Windows Holographic ќе бидат достапни во период во кој актуелен ќе биде Windows 10 оперативниот систем кој е веќе најавен за летово.

1 коментар на “Проширената реалност никогаш не изгледала подобро од демото на Microsoft HoloLens

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии