Проширената реалност на Apple е една од најдобрите досега

Дејан Соколоски

во Мобилни

Влезот на Apple во проширената реалност најверојанто не е изненадување за никого. Тим Кук пред неколку години најави дека токму ова е следниот исчекор за технологијата. Apple долго време се подготвуваше за овој чекор. Досега повеќе компании помеѓу кои и Google, Facebook и Microsoft ја претставија својата визија за проширената реалност.

Не постои преголема разлика помеѓу она што го замислуваат трите гиганти. Исклуок е Microsoft кој со HoloLens сепак има нешто поинаква идеја за проширената реалност. Она што барем засега го разликува Apple е квалитетот на неколку презентирани апликации кои би можеле да бидат клучни за насоката на проширената реалност.

Warhammer 40.000K Freeblade сега овозможува играчите да играат еден против друг во вистинскиот свет. Major League Baseball од Advanced Media Team овозможува навистина интересни можности. Апликацијата со картички  директно на екранот каде што се наоѓаат играчите ја претставува и нивната статистика.

SkyGuide е апликација ѕвездена мапа. Корисниците може да се запознаат си соѕвездијата, ѕвездите и останатите вселенски тела. За разлика од другите слични апликации соѕвездијата се исцртуваат директно на небото додека корисниците го насочуваат телефонот.

Најимпресивната апликација овојпат е мултиплеер играта The Machines. Она што го овозможува играта комбинираќи ја околината и виртуелната околина не сме го виделе досега. Играчите можат како своја предност во играта да го користат теренот во кој се движат.

Ова секако не е крај, проширената реалност само што започнува. Паметните телефони секако не се најдобро прилагодена платформа за конзумирање на оваа технологија. Засега Apple не презентира маска по примерот на Google Daydream, но речиси е неверојатно да се очекува дека ќе поминеме без нешто вакво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии