Прошетајте низ 132 познати локалитети со помош на Google World Wonders

Google официјално го објави својот World Wonders Project кој ќе ви овозможи 360 преглед на вкупно 132 историски локалитети низ 18 различни земји.

Проектот е изработен со помош на Street View технологијата со која располага компанијата, а за деловите до кои не може да се пристапи со кола е користена камера. Сајтот вклучува 3D модели од Google Earth, YouTube видеа и фотографии за историските локалитети, и сето тоа е достапно на шест јазици.

World Wonders го следи Google Art Project и е посветен да им понуди на корисниците можност виртуелно да ги истражат најпознатите светски културни и историски места, и се надеваат дека сервисот ќе биде добар ресурс за едукација. За таа цел имаат изработено и едукативен пакет кој е достапен за преземање и може да се користи низ образовните установи.

Целиот проект е изработен во партнерство со UNESCO, World Monuments Fund, Getty Images и Ourplace, од кои се презентирани официјалните информации и фотографии од локалитетите.

[youtube]wZg8FTi5_Os[/youtube]

3 коментари на “Прошетајте низ 132 познати локалитети со помош на Google World Wonders

    1. Што сакаше да каже авторот на коментарот? Можеше и ти да бидеш поконструктивен, отколку да мрчиш на празно. Биди ми поздравен.

      1. Авторот сакаше да ти препорача да не ги потценуваш читателите на вашиот сајт, не се толку неписмени и неинформирани. Или напиши нешто како што треба, или не замарај.

        „360 преглед“ – да не мислиш на преглед од 360 степени? тогаш така напиши.

        „Проектот е изработен со помош на Street View технологијата со која располага компанијата, а за деловите до кои не може да се пристапи со кола е користена камера.“ – а каде што може да пристапи кола не е користена камера?

        „World Wonders го следи Google Art Project и е посветен да им понуди на корисниците можност“ кој ти предаваше македонски во основно?

        „и се надеваат дека сервисот ќе биде добар ресурс за едукација“ кој тоа се надева?
        „ресурс за едукација“ – ар ју инглиш?

        Следниот пат употреби малце мозак.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии