Просечен програмер има 29 години, самоук е, пие 2,2 кафиња на ден и сака JavaScript

Stackoverflow ги претстави резултатите од нивната анкета во која откри интересни податоци за состојбата на девелопери ширум светот. Од 32 милиони корисници кои се регистрирани на Stack Overflow 26.000 овозможија увид во податоците, од кои 27 се од Македонија. Според анализата најмногу програмери на 1.000 жители имаат: Луксембург – 39,8 отсто, Исланд – 35, Шведска – 35, Израел – 33,4, Финска – 33 и Сингапур – 31,7 отсто. Најголем број на посетитите на Stack Overflow доаѓаат од САД 25 отсто, а потоа следат: Индија, Велика Британија и Германија.

Според анкетата, просечниот девелопер има 28,9 години, односно бил роден во април 1986 година кога IBM го објавил својот прв мегабитен чип. Интересно, најстарите девелопери доаѓаат од САД со просечна возраст од 31,6 години и Британија со просечни 30 години. Најмладите се од Русија и Индија каде просекот на програмери е 25 години.

Анкетата прикажува и еден поразителен факт, а тоа е дека развојот на софтвер има сериозен проблем зо еднаквост на половите. Дури 92,1 отсто од испитаниците се мажи, само 5,8 се жени, 1,7 не сакале да ги споделат овој податок. Најголем број на жените програмери, 15 отсто, се од Индија, по што следат САД со 4.8 отсто. Само 9,5 отсто од испитаничките имаат повеќе од 11 години искуство, околу 15 отсто до 10 години искуство, а 30 отсто имаат искуство од 2 до 5 години. Помалку од 2 години имаат дури 37,1 отсто од девојките. Кај мажите овој однос е поиздначен, па повеќе од 11 годишно искуство, додека 18.2 отсто имаат помалку од две години искуство.

Тоа што може да им влее оптимизам на сите е дека за развој на софтвер не е непоходно насочено обрзование, иако несомнено помага. Најголем дел од испитаниците самите се научиле да програмираат, дури 41,8 отсто, универзитетска диплома од компјутерски науки имаат 37,7 отсто, тренинг на работа имаат 36,7 отсто, магистри се 18.4 отсто од испитаниците. Своето знаење за креирање на софтвер 17.8 отсто испитаници им го „должат“ на онлајн курсевите.

Најпопуларен јазик во 2015 е JavaScript 54,4 отсто, кој забележа пад од 4,5 отсто во однос на 2014 година. SQL го користат 48 отсто од корисниците, но има и пад од 9 отсто, Java е на 37,4 отсто во 2015 година. Интересно, анкетата покажа дека просечниот програмер пие по 2,2 кафиња на ден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии