Пронаоѓање на ко-основачи, партнери и поддршка се дел од стартап проблемите во регионот

Викендот во 27. и 28. август се одржа #BalkanChangeMakers. Шеснаесет учесници ја разгледаa актуелната состојба со стартапите во регионот. Организатори на настанот се Нина Николиќ, Армин Коњалиќ и Мерлин Харис; настанот го поддржа и Програмата за претприемништво SECO (SECO EP), прокет поддржан од Владата на Швајцарија.

За претприемачите претставниците од регионот ги лоцираа следните проблеми:

  • Наоѓање ко-основач кој ја дели истата визија, поседува вештини потребни за тимот, и се вклопува во културата на тимот.
  • Добивање на поддршка потребна за да компанијата да напредува во однос на менторство, капитал, развој на внатрешните процеси и управување со промените во микро-културата кои доаѓаат со ова.
  • Идентификување на партнери, кои ќе им помогнат да влезат во други регионални и глобални пазари.
  • Недостаток на другите бизниси и иницијативи, кои се фокусираат на обезбедување на балканскиот пазар како целина за поддршка на дигитални производи.

Selfie-BCM-WKND

Акцелераторите, инкубаторите и организациите кои се поддршка за стартапите имаат проблем со:

  • пронаоѓање на одржливи модели на финансирање;
  • наоѓање партнери за проширување на своите програми.

Дел од #BalkanChangemakers е и пронаоѓање на решениjа за овие проблеми.

„Од над 100 идеи, групата издвои пет можни решенија, кои ги презентираа пред останатите учесници, со цел да се види кои од нив можат да се развијат понатаму во пилот проекти.“, велат организаторите на настанот.

Решението за фрагментираниот пазар е онлајн платформа насочена кон подобрување на комуникацијата и споделувањето информации преку регионалните центри. Ова ќе овозможи претприемачите да добијат целосна слика за сите можности и ресурси кои им се достапни во регионот.

1 коментар на “Пронаоѓање на ко-основачи, партнери и поддршка се дел од стартап проблемите во регионот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии