Пронајди ги попустите околу тебе со Купонко за Android

Купонко е Android апликација која ви ги собира сите купони понудени на македонските сајтови за групни попусти како Grouper.mk, Lapaj.mk, Sakampopust.mk и Kupinapopust.mk, со најава дека ќе бидат додадени и други. Апликацијата ви нуди попусти според локација за да можете да најдете поевтини зделки за храна и забава. Купонко е креирана од Горјан Јовановски, кој вели дека ја направил апликацијата за да тестира nativ програмирање на Android, и ја работел паралелно со Let’s go out, апликацијата за организирање на настани. Купонко е креаиран бидејќи нема мобилен агрегатор за попусти.

„Па искрено нема мобилна апликација за попустиве кај нас, па можеби на некој сервис ќе му се допадне, па заедно да ја развиваме, инаку да ја продавам на корисници или реклами во Македонија нема да успее. Сега за сега си е корисен бесплатен сервис“, вели Горјан.

1 коментар на “Пронајди ги попустите околу тебе со Купонко за Android

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии