Пронајдете слободен термин за преглед со „Мои Доктори“

Мои Доктори е апликација изработена од Љупчо Наумов и Томас Воксел која претставува своевидно продолжение на системот за електронско закажување „Мој Термин“. Идејата за креирање на ваков сервис доаѓа од лични проблеми со кој се сретна еден од креаторите. Со ова целиот процес за закажување станува потранспарентен и сите ќе имаат ист пристап до податоците.

Станува збор за веб-апликација која е едноставна за користење. Корисникот доаѓа на веб-страницата Мои Доктори го внесува името на докторот; сопственото име и презиме; електронска пошта и можеби телефонскиот број. Потоа системот ќе му испраќа пораки на корисникот кога ќе има следни отворени слободни термини. Со ова креаторите на апликацијата се надеваат дека сите кои имаат потреба од закажување на термин ќе може да го направат тоа побрзо.

„Системот за електронско закажување Мој Термин е чекор во одличен правец, но не ја исполнува побарувачката за термини. Според нашите анализи, 30% од специјалистите во Мој Термин немаат никаков слободен термин во моментот. Докторите отвораат малку термини и ги отвораат еднаш месечно, така што ако новите термини се пропуштат се чека уште еден месец“, вели г. Наумов.

Техничкиот дел на апликацијата е дело на Томас Воксел од Шведска кој како дигитален номад ја посетил Македонија. За неколку часа изработиле функционален прототип, а по неколку недели и апликација. Податоците кои ги користи апликацијата се јавно достапни, а сервисот единствено ги користи овие податоци за испраќање навремена информација до корисниците.

„Бевме (Со Томас Воксел) во контакт поради мојата магистерска работа на тема независни програмери. Бидејќи Томас заедно со неговата девојка постојано патуваат како дигитални номади, ги убедив да останат еден месец во Скопје. Откако пристигнаа, му ја презентирав идејата, и веќе истата вечер имавме функционален прототип на апликацијата. Со повеќе недели работа и доста проблеми со мејлови, апликацијата денес е комплетно функционална и спремна за корисници.“, вели г. Наумов.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии