Пронајдете слики во зависност од вашата поза

Google не би бил Google кога не би експериментирал. Еден од поновите експерименти е со вештачката интелигенција и тестирање на нешто што го викаат pose estimation, односно проценка на пози.

Се работи за почетна технологија која ги пронаоѓа луѓето во сликите или во видеата и ја идентификува положбата на клучните зглобови во телото. Така копираната поза се споредува со над 80000 други слики во најразлични пози за да се најдат други слики во кои луѓето ја имаат заземено истата поза како вас. Да, една од работите на кои Google работи е детектирање на вашата поза и барање идентични пози на некои други слики, со некои други луѓе. Сега за сега, ваквото нешто нема кој знае каква примена, но е одлично нешто за губење време и правење откачени GIF-ови за споделување со пријателите.

Самата технологија, објаснуваат од Google, се вика Move Mirror и за нејзините потреби ја користи вашата камера за да ги следи вашите движења во реално време. За најдобри резултати, меѓутоа, мора да сте неколку метри оддалечени од камерата и да нема некои пречки пред вас. Резултатите, доколку сметате дека ваквото нешто е интересно, знаат да бидат импресивни.

Google вети дека нема да ги зачувува или споделува вашите пози, така да, претпоставуваме дека не мора да сте премногу загрижени за тоа дали ќе се најдат вашите пози на екраните на непознатите лица.

Move Mirror и Pose Estimation работат само преку прелистувачот Google Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии