Пронајдете си звучни ефекти од аудиотеката на BBC

Дејан Соколоски

во Свет

Дали ви требаат аудио фајлови или звучни ефекти? Една од најдобрите локации за ова е архивата на BBC, а отворањето на фајловите за преземање кое се случи на средина на 2018 е еден од најдобрите настани минатата година.

BBC во текот на своето 90 годишно емитување има над 16 000 снимки кои се достапни за преземање. Во аудио фајловите има сè од звуци на џунглата до радарски звук на ехо кое се одбива од месечината.

Архивата е лесна за пребарување, звуците се одлично одбележани и лесни за пронаоѓање. Секако ако не знаете што точно ви е потребно можеби ќе се загинете и ќе пребарувате со часови.

Сите клипови подлежат на RemArc лиценца за користење. Може да се употребат за лични, образовни и истражувачки цели. За употреба во комерцијални проекти сепак е потребна лиценцирање на звуците од BBC.

Проверете ги звуците од BBC овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии