Пронајдете ја својата нова работа со Кариера.мк

Деновиве низ Скопје лесно се забележуваат билборди и онлајн реклами со цитати на познати глумци и историски личности за работата и успехот во животот. Кампањата е од сервисот Кариера.мк, кој е нов македонски сервис кој ќе се обиде да им помoгне на граѓаните да ја пронајдат својата нова работа. Платформата е дело на тим кои колективно имаат над 10 години искуство во областите на човечки ресурси и ИТ индустријата, тврдат од сервисот.

„Горди сме што заедно со нашите партнери, некои од најголемите агенции за вработување во државава, обезбедивме сервис кој ќе им помогне на сите баратели на работа полесно да дојдат до посакуваното вработување. Истовремено и на компаниите им ја олеснуваме потрагата по соодветни профили за позициите за кои имаат потреба“ – вели Ѓорѓи Какашевски, ко-основач на Кариера.мк.

Почетокот на пронаоѓање на новата работа е иста како и на останатите слични сервиси. Корисникот го креира своето CV, потоа со одбирање на копчето „аплицирај“ само ги одбира работите позиции на кои сака да аплицира. Овозможено е и логирање и со вашиот Facebook профил.

На другите корисници, компаниите, Кариера.мк ќе им овозможи да пребаруваат по базата и да го пронајдат најдобриот апликант за некоја работна позиција.

Сајтот има за цел објавување на слободни работни позиции, пракси, стипендии и обуки.

Според информациите објавени на сајтот, Кариера.мк моментално располага со над 9.000 резимеа на кандидати и 460 огласи за вработување објавени од 119 компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии