Пронајдете го загубеното милениче со МојМиленик

МојМиленик е нова апликација на Горјан Јовановски и Елена Андреева. Нивниот претходен заеднички проект е редизајнот на МојВоздух. МојМиленик ќе им помогне на сите кои го загубиле своите милениче побрзо да го пронајдат, апликацијата ќе бие уште еден канал на кој сопствениците ќе може да побараат помош или да видат дали некој веќе го нашол нивниот миленик. Покрај Android и iOS апликациите „огласите“ за загубени миленичиња ќе се споделуваат и на Facebook.

Еве што вели г. Јовановски за новата апликација:

Како дојде до оваа соработка? Имате ли вие миленичиња; дали некогаш сте изгубиле миленик?

Елена уште пред година дена ми испрати порака, каде што спомна дека би сакала да помогне околку МојВоздух од дизајнерски аспект. На неа се должи новиот редизајн што сега аплиакциајта го има. Од тогаш решивме да соработуваме заедно на вакви социјално одговорни проекти!

Јас лично сум немал миленик, но ги следам групите на ФБ за изгубени миленици, и верувам дека добро е да се структурираат и централизираат тие податоци и објави, со цел побрзо да се пронајдат милениците или сопствениците

Како „бевте поделени“; кој што развиваше ?

Елена беше задолжена за дизајнот, UX/UI делот, а јас за кодирањето во Flutter како и серверскиот дел. Но цело време правевме brainstorming за нови идеи и функционалност, со цел да сме на иста бранова должина!

Како може да го пронајдат миленикот луѓето кои го загубиле миленикот?

Преку МојМиленик, секој корисник може да внесе објава за изгубен миленик, со опис, последна позната локација, слики и контакт информации. Сите корисници од градот каде што е изгубено миленичето ќе добијат нотификација, и на тој начин може веднаш да помогнат во барањето.

Откако ќе биде вратен миленикот кај сопственикот, постои опција да се затвори случајот.

Што ако најдам милениче?

Процедурата е иста како и за изгубеното милениче, но со една разлика. Доколку пронајденото милениче не е вдомено, неговата точна локација не е прикажана, туку само градот каде што е пронајдено. Ова го направивме од причина да ги заштитиме изгубените миленици од злоупотреба (пример да се земе куче и користи во борби со други кучиња). Сопственикот ќе треба да го контактира пронаоѓачот за да добие точна информација каде е виден миленикот.

Најавувате соработа со неколку граѓански организации како ќе се одвива оваа соработка?

МојМиленик дозволува граѓански организации за заштита на животните да поднесуваат објави во име на други лица. Така ќе можат да ги пренесат истите од нивните ФБ страници во апликацијата, со цел побрзо пронаоѓање на милениците. Сепак, тие се експертите во оваа област!

Дали може граѓаните некако да помогнат?

Секако дека да! Доволно е да ја имаат преземено апликацијата, и да реагираат кога ќе видат нова објава за изгубено милениче. Доколку е во нивна близина објавата, да побараат и они заедно со сопственикот.

Што е сметате дека е важно за успех на апликацијата?

Aликацијата треба да решава реален проблем (не измислен од креаторот), да е интересна и интуитивна за користење, и секако да е правилно таргетирана кон групата на релавантни корисници заедно со нивните потреби.

МојМиленик е се уште во рана фаза, и со фидбекот што ќе го добиеме од оваа верзија, ќе продолжиме понатаму со надоградување на истата.

Имате ли веќе планови за идна надградба?

Секако! Имаме многу опции што планираме да ги додадеме, како филтер и пребарување на објави, нотификации во радиус на корисникот (не само во целиот град), и секако најбитното – дел за вдомување и посвојување на миленици!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии