Пронајдете ги страниците кои дезинформираат со B.S. Detector за Chrome

Марк Закерберг тврди дека не може да ги раздели страниците кои шират лажни вести, но Даниел Сиерадски не се согласува. Г. Сиерадски создаде екстензија за Google Chrome која му соопштува на корисникот кога некоја вест доаѓа од страница позната по ширење на дезинформации. Екстензијата веќе ја споменавме во овој текст , но истата заслужува малку поголемо внимание.

3c950f10-5071-4047-9853-8e5b8cafeaa0

B.S. Detector всушност функционира едноставно. Г. Сиерадски креираше листа на познати страници кои од претходно споделуваат дезинформации. Ова е малку контраверзно, бидејќи листата ја креира креаторот на екстензијата. Сепак, неговата идеја е дека ова е доказ за концепт, а не финален производ.

„Ја креирав екстензијата за помалку од еден час откако го прочитав тврдењето на Зак дека не може да се означат страниците кои шират лажни вести. Се разбира дека може. Само треба волја да ги одбележите овие глупости. Засега ова е само доказ за концептот, но функционира доволно добро.“, вели Даниел Сиерадски, креатор на екстензијата.

Ова секако нема да ги отстрани лажните вести. Креирањето на нови домени ќе остант проблем, а проблем може да бидат и лажни или проблематични вести од порталите кои се сметаат за доверливи. Ова е најголем проблем на социјалната мрежа, на која вестите од се прикажани едни до други. Екстензијата не ги отстранува или поместува вестите од социјалната мрежа; единствено го информира читателот за изворот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии