Пронајдете ги скриените фајлови со Hidden File Finder

Како што сигурно знаете, оперативниот систем крие одредени фајлови кои се критични за стабилна работата. На тој начин, помалку искусните корисници не се ставаат во искушение (не)сакајќи да избришат нешто што не треба.

Но, доколку од некоја причина сакате да имате пристап до скриени фајлови, Hidden File Finder детектира секакви фајлови и фолдери кои се скриени, дури и EXE, DLL, односно COM фајлови.

Сè што ќе биде пронајдено од Hidden File Finder може да биде откриено со само еден клик, како и да добиете детален извештај за тоа што се крие зад фајловите. За да го започнете копањето по скриени фајлови, изберете го саканиот хард диск и кликнете на Start Scan.

Најновата, осма верзија на Hidden File Finder ја подобрува брзината на скенирањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии