Пронајдете ги преводите што ви требаат со Caption за macOS

Дејан Соколоски

во Софтвер

Caption е апликација која на корисниците ќе им помогне да ги пронајдат преводите за филмовите или серијата која ја гледаат.

Станува збор за десктоп апликација која пребарува по базите и кога ќе го пронајде соодветниот текст ќе го прекрсти да биде со исто име како и филмот. Внесувањето на видеото за кое корисникот бара титлови е едноставно, треба само да се „фрли“ видеото во апликацијата. Потоа Caption автоматски го детектира видеото и ги пронаѓа преводите. Решението е интересно пред сѐ поради тоа што е потполоно автоматизирано. Откако корисникот ќе го „фрли“ (drag & drop) видеото во апликацијата, повеќе не е потребна интеракција освен за стартување на видеото. Caption автоматски го препознава и пронаоѓа соодветниот превод, ја презема верзијата на посакуваниот јазик и ја зачувува со исто име како и филмот. Сѐ што корисникот треба да направи е да го пушти филмот, а преводите автоматски ќе бидат додадени.

Апликацијата засега е достапна единствено за macOS. Гиел Кобен, кој е креатор на Caption, најави и верзија за сите оперативни системи, јави The Next Web. Дополнително за сите кои се љубопитни, кодот на апликацијата е достапен на GitHub.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии