Промени во бесплатниот модел на LastPass

Дејан Соколоски

во Веб

LastPass е еден од најдобрите, наједноставни за користење и најпопуларните менаџери на лозинки. Сервисот и во бесплатниот пакет нуди речиси сè што може да му затреба на домашен корисник. Ова веројатно e главната причина за неговата популарност. Можноста за користење на LastPass и споделување на повеќе различни платформи е една од предностите на сервисот, но за жал ова повеќе нема да биде бесплатно.

Од 16-ти март LastPass ќе може бесплатно да се користи единствено на уреди од еден тип. За користење на различни уреди или ќе биде потребна претплата. Ова значи дека еден корисник ќе може да ја користи алатката на компјутери или на телефони, но не и на двете. Истовремено ќе може да се користи на било кој десктоп или лаптоп, но не и на таблет компјутер или телефон.

Добра вест е дека нема ограничување во зависност од оперативниот систем. Така, ако сте одбрале телефон ќе може да го користите LastPass на било кој телефон. Без разлика дали е со iOS (iPhone) или било кој Android уред. Во оваа група на уреди се таблет компјутерите и паметните часовници.

Како ќе се одлучува која е активна група на уреди?

Од 16-ти март кога корисникот ќе се најави првпат на LastPass, уредот од кој се најавува ќе одлучи која група е активна. Потоа корисникот ќе може најмногу трипати да ја промени групата бесплатно.

„Како бесплатен корисник, вашето прво најавување по 16-ти март ќе ја определи групата активни уреди. Ќе имате три можности да го промените активниот уред за да може да одберете што е вистински избор за вас. Уредите ќе се синхронизираат автоматски и корисникот никогаш нема да загуби некои од податоците кои се чуваат на профилот; без разлика да користи компјутер или мобилен за пристап на LastPass“, објаснуваат на блогот на LastPass.

Втора промена е дека за бесплатните корисници нема да биде достапна поддршката за корисници. Поточно ќе им биде достапен единствено делот од центарот за поддршка во кој самите може да си пронајдат каде е проблемот.

Цената на претплатата за Last Pass Premium во овој период ќе биде промотивна и ќе изнесува 2.25 долари месечно (со годишна претплата).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии