Променетe ги лозинките на Yahoo!, над 500 милиони профили во раце на хакери

Лични податоци на над 500 милиони профили се украдени од Yahoo во 2014. Дел од податоците се: имиња, лозинки, имејл адреси, телефонски броеви и одговори на безбедносни прашања. Веста ја потврдија и од Yahoo, а можеби станува збор за најголемиот хак досега. Најголемиот проблем е што пробивањето е од 2014, но објавено е дури сега, исто како и во случаите со LinkedIn и DropBox.

За среќа дел од податоците кои не се украдени се: податоци за платежните картички и податоците за банкарските сметки на корисниците. Компанијата на сите корисници од 2014 им препорачува да ги заменат лозинките, одговорите на безбедносните прашањата, а веќе започнаа да предупредуваат дел од корисниците. Сите корисници на платформата треба да внимаваат доколку добијат пошта која наликува дека доаѓа од Yahoo, која содржи линкови до локации.

Со над 500 милиони податоци на корисници пробивањето на Yahoo е значително поголемо од досегашниот „рекордер“ МySpace (360 милиони). Пробивањето можеби ќе има влијание и на продажбата на Yahoo на Verizon. Дел од акционерите на Yahoo, се загрижени дека можеби цената ќе биде намалена од првата процена 4.8 милијарди долари, јави Recode.

Ако имате профил на Yahoo или сте имале еве неколку совети:

  • Променети ги сите лозинки. Не само лозинките на Yahoo, сите! Ако користите исти лозинки на повеќе сервиси, престанете со оваа пракса. Користете долги и безбедни лозники.
  • Избришете ги сите стари мејлови со чувствителна содржина. Испразнете го „trash“ фолдерот
  • Префрлете се на друг сервис. Пожелно некој што има двојна авторизација.
  • Не отворајте сомнителни пораки.

2 коментари на “Променетe ги лозинките на Yahoo!, над 500 милиони профили во раце на хакери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии