Пролетни распродажби на PC игри

Со убавото време доаѓаат и бројни распродажби на игри. Повеќето продавници на дигитални игри го искористија почетокот на сезоната за да понудат длабоки попусти на игри до 90%. Во случај да сакате да се подновите со некоја игра, би препорачале да се упатите на некоја од следниве дестинации.

Fanatical, претходно познат по името Bundle Start, организира бројни попусти на исклучително квалитетни игри. Во последно време, продавницата станува задолжителна дестинација на повеќето игри затоа што често се случува кај нив по прв пат да се појави историско најниска цена. Покрај засебно продавање на игри, имате и најразлични пакети од релативно интересни игри, како и дводневна длабока распродажба на одредена игра. За подлабоки попусти искористете го купонот SUPER6. Купонот не работи за пакетите од игри и за Star Deal.

GamersGate се одликува со огромен избор на подеднакво имресивни игри, со одредени зделки кои се менуваат на два дена. Сите евтини игри ги имате во одделот Offers, а доколку сакате исклучително евтина форма на забава, за 1 долар или помалку, проверете го и одделот 1$ or less. Заштедете дополнителни 20% доколку купувате со Razer ZGOLD.

Gamesplanet има исклучително добри зделки и дефинитивно би требало да ја посетите или британската или германската страна за да видите што се се поставува на привремена распродажба до 22.април. Поради различните валути, на германската страна цените обично се чинат поевтини.

Steam продава 600 игри преку нивната Weeklong Deals кампања. Гејмерите можеби имаат навикнато на насловите кои се провлекуваат на овој начин, но тоа никако не значи дека нема што да најдете тука.

GOG дава бројни попусти на оние игри кои најмногу се наоѓаат на wishlist-ите на гејмерите. Огромни сме фанови на продавницата затоа што секоја купена игра е без какви било DRm заштити и никако не ве условува во користење на копијата.

Humble Bundle ја посветува целата недела на научно фантастичните игри и нуди попусти на тие фронтови, со игри и попусти кои се далеку од ипресивни. Но, на располагање имате и Capcom игри на распродажба, а Satellite Reign е целосно бесплатна за викендот!

GameBillet е уште една продавница која нуди одредени попусти, а на Origin можете да ја најдете Battlefield 1 Revolution за 67% попуст.

Листата ќе се надополнува доколку други продавници влезат во игра за време на викендот. До тогаш, пријатен шопинг!  :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии