Project Tempo е новата cloud gaming платформа на Amazon

И покрај тоа што има одлични cloud gaming сервиси како Google Stadia и Nvidia GeForce Now, гигантот Amazon сака парче од колачот. Истиот е наречен Project Tempo, јавуваат од The New York Times, и ќе биде конкурент на горенаведените сервиси, како и на Project xCloud на Microsoft.

Водејќи се по извештајот на The New York Times, гигантот инвестира стотици милиони долари во сервисот, како и во неколку оригинални игри кои би требало да го привлечат вниманието на корисниците. На овој проект Amazon работи веќе неколку години, а истиот би требало да биде пуштен во употреба подоцна во текот на годинава. Секако, покрај ситуацијата со COVID-19, има големи шанси ова да се одложи.

person using computer playing FPS game

Покрај Project Tempo, Amazon работат и на игри. Првата е наречена Crucible, пукачка игра која би требало да е одличен предизвик за сите. Тука е и New World, MMO игра сместена во алтернатива на 17тиот век, како и уште една MMO игра која е базирана на франшизата Господарот на Прстените. Crucible и New World би требало да ги видиме во мај.

Покрај ова, ќе видиме и неколку помали игри кои ќе се интегрираат со Twitch, и ќе им овозможат на стримерите да ги играат истите заедно со нивните гледачи.

Project Tempo има потенцијал да го надмине Google Stadia

Google Stadia e сервисот на Google за cloud gaming, но откако беше лансиран во 2019, приемот на истиот не е баш најсјаен. Изборот на игри е просечен, и нема функционалности кои би не натерале да го користиме баш него. Покрај ова, тука е и цената. За пристап до сервисот во моментов ќе ви треба Premium Edition kit кој чини 129 долари и доаѓа со Chromecast Ultra и контролер, и ќе треба да плаќате 10 долари месечно за да го задржите пристапот. Покрај фактот што има солидни игри како Destiny 2 и Grid, факт е дека многу од игрите како Red Dead Redemption 2 или Doom Eternal ќе треба сами да си ги купите.

white xbox one game controller

Доколку Amazon одигра паметно, имаат шанса да успеат каде што Google не успеа. Amazon веќе ни нуди месечна претплата за гејмери наречена Twitch Prime. Корисниците на Amazon Prime, кој чини 119 долари годишно (или 12.99 долари месечно) веќе имаат Twitch Prime, а претплатата нуди пристап до бесплатни игри, како и дополнителни содржини во игрите.

Ако Amazon решат да го интегрираат Project Tempo во овој сервис, корисниците на Twitch Prime би можеле да добијат колекција на одлични игри без дополнителни трошоци. Ова би довело до зголемен број на Amazon Prime претплати, и би била супер зделка за моменталните корисници на истиот. Amazon Prime ви нуди одлична библиотека на серии, па иста таква библиотека со игри би била логичен нареден чекор.

Споменавме погоре дека има големи шанси целиот проект да се одложи до 2021, што му дава на Google доволно време да ги ‘испегла’ овие работи. Како што пишавме пред некое време, нови игри и функционалности се додаваат континуирано. Секако, останува да видиме како ќе стојат работите кога ќе го видиме сервисот на Amazon на дело.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии