Пројде рокот на некои обвиненија против Џулијан Асанж, но прогонот продолжува

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, веќе три години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон. Не смее да ја напушти амбасадата бидејќи ќе биде уапсен веднаш, велат британските власти, иако дојде вест од Шведска дека е поминат рокот на обвинувањето за сексуален напад, пишува Тechworm. Но, ова се три од четирите тужби против основачот на Wikileaks, иако последната е најсериозна. Се работи за силување за кое г. Асанж беше обвинет веднаш откако Wikileaks во 2012-та година објави купишта доверливи документи од американските амбасади.

Иако според шведскиот закон никој не може да биде обвинет без да даде изјава, и г. Асанж и шведските власти се избегнуваат веќе три години. Шведска која ја распиша потерницата по г. Асанж е подготвена да ги повлече сите тужби доколку г. Асанж дојде да даде изјава во Шведската амбасада во Лондон. Но, toj одбива да го направи тоа од страв дека ќе биде уапсен од англиските власти кои досега потрошија речиси 18,5 милиони долари на деноноќна опсада на Еквадорската амбасада. Според г. Асанж, тој ги повика шведските власти да ја посетата еквадорската амбасада каде ќе даде изјава, но тие одбиваат да дојдат.

Сепак се чини тешко веројатно дека правосудството во Шведска ќе се откаже од последната тужба, иако следната недела истекува периодот за судско рочиште за три од четири обвинување. Ако го чека рокот за истекување на обвиненијата, г. Асанж ќе биде слободен во 2020 година, по истекувањето и на обвинувањето за силување, доколку претходно не биде уапсен или не се договори со властите во Шведска. Г. Асанж претходно тврдеше дека нема намера да оди пред суд во Шведска, бидејќи се сомнева дека сакаат да го екстрадираат во САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии