Производителот на дизел камиони, Cummins, прв до електричните камиони

Image courtesy of Cummins

Додека Tesla се подготвува да претстави електричен камион, компанијата Cummins која 100 години произведува камиони, веќе го претстави првото вакво возило.

Камионот е потполно електричен, а на место на горивото доаѓа 140KWh батерија. Дури и со оваа батерија камионот има релативно ограничено движење од 160 km со едно полнење. За полнење на батериите е потребен 1 час, а во Cummins се надеваат дека до 2020 година ќе го намалат ова време на 20 минути.

Во најдобар случај со дополнителни батерии камионот поминува околу 500 km помеѓу полнењата. Камионот може да се користи за достава во градови, но поголемите растојанија се за во иднина.

Сепак AEOS е концепт возило кое треба да покаже дека технологијата која е достапна може да се искористи. Производителот нема да произведува електрични камиони, но ќе ги понуди батериите и моторот на сопствениците на флоти за превоз.

До крајот на септември својот електричен камион ќе го претстави и Tesla. Концепт камиони досега претставија Daimler, Protera и шведскиот стартап Einride.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии