Apple одговори на критиките зошто нивните производи веќе не се „зелени“

<Надополнување 11/7/2012:>Apple одговори на критиките кои доаѓаат од повеќе организации за заштита на околината. Во договорот тие потенцираат дека нивните стандарди за заштита нa животната средина се поригорозни од тие на регулаторот EPEAT (Electronic Product Environmental Assessment Tool).

„Сите наши производи ги исполнуваат најстрогите стандарди за енергетска ефикасност поддржани од страна на американската влада. Ние водиме во  индустрија, на нашата веб страна има известувања, за емисијата на стакленички гасови за секој производ. Производите на  Apple се многу подобри во области кои EPEAT не ги мери, а сепак се важни за животната средина, на пример  отстранување на токсични материјали од апаратите.”, вели Аpple.

Една од причините поради која Apple во моментов не се „зелени“ е поради тоа што EPEAT не е стандард кој се однесува на телефони и таблет комјутери, продукти кои објективно се најважни за Apple. Поради ова компанијата е насочена кон Energy Star.

</надополнување> 

10/7/2012: Производите на Apple не се повеќе безопасни по животната средина. Компанијата побара сите 39 производи да бидат тргнати од „зелената“ листа. Изгледа неверојатно но, Apple е една од компаниите кои помогнаа да се креира стандардот, а сега не ги исполнуваат неговите услови.

Правилата на комисијата за еколошки производи се ригорозни и за сите производи е потребно да можат да се рециклираат. Подеднакво важно е разделувањето на безопасните и штетните делови да биде едноставно. Ова не значи дека производите на Apple се сега токсични, туку дека повеќе не се едноставни за расклопување. На пример Mac Book Pro со Retina е речиси невозможно целосно да се расклопи бидејќи поголем дел од составните компоненти се залепени еден со друг.

Еден од проблемите со кој во иднина ќе можат да се сретнат Apple ќе биде барањето на многу компани да купуваат производи кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Во 2010 година, 222 од 300 анкетирани универзитети купувале „зелена“ електронска опрема. Најстрога во побарувањата е американската влада која инсистира 95 проценти од опремата да биде сертифицирана.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии