Производ на денот од Brainster: Запознајте го првиот модуларен паметен часовник

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Blocks е првиот модуларен паметен часовник во светот. Неговиот watchface или Core како што го нарекуваме, е целосно функционален сам по себе, и ги има сите карактеристики што би ги очекувале од еден паметен часовник. Но, тоа е само еден дел зошто Blocks e најдобриот паметен часовник. Тој е направен од неколку линкови, или модули, од кои секој има свои функции. Можете да изберете модули според вашите потреби и да ги поврзете за да создадете персонализиран паметен часовник уникатен за вас.

Од паметни телефони до преносните уреди (wearables), денешните технологии се направени за да им одговараат на сите. Ние не сакаме да правиме компромис. Не веруваме дека производот може да им одговара на сите корисници. Веруваме дека е време паметните часовници да ја одразуваат нашата индивидуалност. Blocks ви дава моќ да си креирате еден паметен часовник кој одговара на вашиот животен стил, со карактеристики кои се прилагодени на вашите потреби. Само изберете ги модулите кои ги сакате и поврзете ги во неколку секунди.

pressimages-7 (1)

За разлика од други паметни часовници, Blocks е креиран да ѝ пркоси на технологијата која доаѓа. Принудени сме секоја година да го менуваме паметниот телефон за да добиеме подобрувања кои доаѓаат со новата генерација. Овие кратки циклуси на траење на производите станаа една од главните критики на паметните часовници, бидејќи часовниците се планирани да потраат. Многу е едноставно: Зошто да се купи сосема нов паметен часовник кога едноставно може да додадете нова функција? Како што технологијата се развива, така и Blocks ќе се развива. Нови модули ќе бидат пуштани во континуитет, и со сигурност ќе може да ја имате најновата технологија штом таа ќе стане достапна.

Како отворена платформа, Blocks овозможува секоја компанија или поединец да може да развие модули. Може да има модули за игри, спорт, здравство, работното место, па дури и експериментални како оние за академски истражувања. Сето ова значи дури и поголем избор за вас. Дочекајте ја иднината подготвени и нарачајте си го овој револуционерен паметен часовник преку Kickstarter по цена од 310 долари (со вклучена испорака) и очекувајте го во мај 2016 година.

Среќно,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии