Производ на денот од Brainster: Со ResumUp до совршено CV

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Да креирате совршено резиме кое ќе ве претстави во најдобро светло кај идниот работодавач не е воопшто лесна работа. Најчесто не знаеме ни каде да почнеме и правиме многу грешки во процесот кои може да не чинат многу. Еден од главните проблеми со кои се соочуваме е како правилно да ги поставиме и визуелизираме клучните елементи кои се потребни за работната позиција. Најчесто во овој процес знаеме да се изгубиме и од нашето CV да излезе хаотичен документ од 3 страни во кој ни самите не можеме да се снајдеме. Нели би сакале да е сѐ едноставно? Не сте единствени. Но за среќа постои алатка која може вашето CV да го претвори во професионално дизајниран инфографик без да имате никакво искуство во дизајнирање.

visual-profile

ResumUP е алатка која ќе го претвори вашето CV во професионален документ. Се што треба да направите е да креирате профил и да одберете од неколкуте готови форми кои ResumUp ги нуди. Во зависност од вашите моментални потреби можете да одбере неколку темплејти од едноставно текстуално CV, хронолошко CV, CV во форма на инфографик и други. Вашите податоци можете да ги импортирате преку вашиот LinkedIn или Facebook профил или самите да ги внесете по предефинираните полиња.

Основната верзија на оваа алатка е бесплатна, но доколку сакате да имате пристап до повеќе темплејти и повеќе опции можете да се претплатите на Winning Resume или Profile Pro, кои ќе ве чинат околу 4 долари месечно. Profile Pro верзијата ќе ви помогне да изградите и план за вашата кариера, како и кои вештини ви се потребни.

Пробајте и одлучете сами која опција најмногу ви одговара но не заборавајте дека креирањето CV e многу покомплицирана задача од само добар дизајн. Направете добро истражување пред да почнете со креирањето на вашето професионално CV.

Ве очекуваме,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии