Производ на денот од Brainster: SmartHalo е уред за сите урбани велосипедисти

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Велосипедот повторно станува едно од омилените превозни средства на луѓето. Oд 2003 година наваму се произведени повеќе од една милијарда велосипеди што е двојно повеќе од бројот на автомобили произведени во истиот период. Функционално и удобно превозно средство кое е вистинско решение за избегнувањето на сообраќајниот хаос во урбаните средини.

CycleLabs е група на велосипедисти-иноватори кои сакаат возењето на велосипед во урбаните средини да го издигнат на едно сосема ново, повисоко ниво. Добро познавајќи ги проблемите на велосипедистите тие ни го преставуваат својот производ SmartHalо кој урбаниот велосипедизам го прави побрз и побезбеден од било кога. Навигацијата е основната функција на овој нов производ. Го поврзувате SmartHalo со вашиот паметен телефон, ја внесувате локацијата до каде треба да стигнете во апликацијата и тој ви ја покажува најкратката и најбезбедната рута. Со помош на спектар на бои ви го покажува правецот во кој треба да се движите на црната кружна основа, сѐ со цел што помалку да и пречи на вашата концентрација при возењето. SmartHalo автоматски ја следи брзината со која возите, должината на патот што сте го поминале, колку време возите, надморската височина која сте ја совладале и колку калории сте согориле при возењето.

Proizvod na denot #6 SmartHalo (post photo)

Покрај тоа што SmartHalo ви дава информација за точната локација во секој момент, тој исто така ја памти и точната локација каде е паркиран вашиот велосипед и во случај да заборавите ве известува преку порака. Најдобро од сѐ е што овој продукт е толку паметен што самиот знае кога треба да се вклучи и кога треба да се исклучи. Tимот на CycleLabs со својот производ одат дотаму што во него вградуваат и аларм па така кој и да сака да го „позајми” вашиот велосипед нема да може да го направи тоа незабележано. Поради сигналот кој го добива од вашиот телефон SmartHalo знае дали сте вие тој кој сака да го вози велосипедот или не, со што се вклучува аларм и вие веднаш ќе бидете информирани за тоа. Овој уред работи на батерии кои доколку често го користите велосипедот ќе траат околу три недели, пред повторно да треба да се наполнат.

Минималистичкиот дизајн прави овој уред да одговара на најразлични типови и бои на велосипеди. SmartHalo е нешто што секој љубител на урбаниот велосипедизам би сакал да го има, а тоа го потврдува и супер успешната Кickstarter кампања каде од преку 2.700 вложувачи собра повеќе од 430.000 долари. Претворете го вашиот обичен велосипед во паметен велосипед и со него патувајте брзо и безбедно до било која урбана средина на светот. Дали вие размислувате да развиете ваков кул производ?

Среќно,
Brainster заедницата


Можеби ќе ве интересира oд Brainster:


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии