Производ на денот од Brainster: Патувај како агентот 007 со BauBax

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Ви ја претставуваме јакната BauBax или најфинансираниот проект за облека во историјата на краудфандинг кампањите, кој успеа да собере неверојатни 9 милиони долари за само една година. Модерниот дизајн на јакната и други 15 функции кои ги нуди освен основната ќе направи да се чувствувате како Агентот 007 кога одите на вашите патувања.

BauBax е повеќе од само една обична јакна. Во качулката има вградена перница, покривка и вградена маска за очи со што ќе направи спиењето да не биде проблем за вас додека патувате. Џебови се дизајнирани за определна намена, од оној во кој може да ставите лименка со сок, очила, пасош, клучеви, телефон, таблет, пренослив полнач, па се до преградата и држачот за слушалки, со што нема да има потреба да го разврзувате „Гордиевиот јазол” по секое ваше патување.

Во ракавите на BauBax се вградени ракавици како дополнителна заштита од студот во најладниот период од годината. Покрај сето ова во јакната има и вградена микрофибер крпа, со која ќе може да ги избришете нечистотиите од вашите очила или од екранот на вашиот таблет. Најкул факт за оваа јакна е што патентот има двојна функција. Не се грижете доколку не сте понеле со себе пенкало од дома затоа што токму тоа е втората функција на вашиот патент. BauBax јакната е опремена со сѐ што ви е потребно за едно патување, по достапна цена, а ја има и во вашата омилена боја. Единственото нешто што ќе треба вие да направите е да најдете причина да патувате, или само да излезете од дома.

Среќно,
Brainster заедницата


Може да ве интересира:


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии